📷 Ѝ ГИ ЗАБОРАВИЛЕ ШРАФОВИТЕ ВО ГЛАВА Тајванска манекенка се шокирала кога засвирел детекторот на аеродром

Самопрогласениот „фанатик за пластична хирургија“, 36-годишната Фанг Киуан, има направено повеќе од 19 операции. Таа потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи и 2 операции на челото, 5 на очните капаци, исто толку на носот, а и 2 операции на брадата.

436

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродром, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели, пренесува Њујорк пост.

Самопрогласениот „фанатик за пластична хирургија“, 36-годишната Фанг Киуан, има направено повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милиони прегледи. Таа потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи и 2 операции на челото, 5 на очните капаци, исто толку на носот, а и 2 операции на брадата.






Неодамна поминала низ читач на аеродром, кога машината „засвирела“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не било утврдено дека има неколку „туѓи предмети“ во главата.

Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред 8 години. Но, тоа не било се.

– На видеото се гледаат и завртките во носот – рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините обожаватели останаа шокирани од фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 方祺媛(雪碧) (@sprite0719ss)

Поврзани содржини