ГИ НАМАЛУВА ШЕЌЕРОТ И ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ВАРЕЊЕТО РАБОТИ КАКО СААТ Овој напиток се препорачува пред спиење
Зад неговата популарност стојат голем број истражувања што ги анализираат неговите вистински ефекти врз телото.
Јаболковиот оцет е познат со години како еден од најпопуларните природни сојузници за здравје, заслужен за регулирањето на шеќерот во крвта, стимулирањето на варењето и контролирањето на апетитот.
Зад неговата популарност стојат голем број истражувања што ги анализираат неговите вистински ефекти врз телото. Нутриционистите истакнуваат дека оцетната киселина, главната активна состојка во јаболковиот оцет, помага во стабилизирањето на гликозата во крвта по оброците, а лекарите нагласуваат дека ефектите се најизразени кај луѓе со инсулинска резистенција или дијабетес тип 2.
Според анализите на неколку клинички студии, редовната, умерена консумација на јаболков оцет е поврзана со пониски нивоа на шеќер на гладно, подобрени индикатори на HbA1c и мало намалување на вкупниот и LDL холестерол.
Сепак, здравствените власти нагласуваат дека јаболковиот оцет не е замена за балансирана исхрана и здрав начин на живот, туку е поддршка, ако се користи правилно и умерено.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.