ГЕРМАНЦИ ЌЕ СЕ ГРЕАТ НА ТРУПЦИ Дојче Банка анализира, оваа зима гас нема да има
Тврдењето на Дојче Банка дека Германците навистина ќе се греат на трупци и на стар мебел претстојната зима не треба да се зема со иронија, бидејќи такво нешто се случи во американската државата Тексас лани, кога владееше ковид-зима и цените на енергенсите исто така беа високи, пишува БизнисИнсајдер.
Германците зимава би можеле да се греат на трупци од дрва па дури и стар мебел, слично како што тоа лани се случи во државата Тексас во САД во тешката ковид-зима. Вака вели Дојче Банка во новиот извештај во кој ги коментира недостатокот на гас. Според банката, побарувачката за гас зимава ќе се намали за 10 отсто во однос на лани, а јагленот и лигнитот ќе се вратат на пазарот, кој ќе „има многу елементи на неизвесност“, пишува БизнисИнсајдер.
Во написот се вели дека падот под 10 отсто се должи и на високата цена на бензинот, но и дека луѓето веќе штедат за зимата. Јагленот и лигнитот ќе бидат одредена замена, но банката вели дека не може да се претпостави колкави ќе бидат понудата и побарувачката од други земји.
„И заштедата и замената веќе доведоа до намалување на потрошувачката на германски гас за повеќе од 14 отсто на годишно ниво во првите пет месеци од 2022 година“, се вели во белешката.

Банката додаде дека некои капацитети во Германија би можеле да затворат како што се зголемуваат трошоците за енергија, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Германија и Европа стравуваат дека рускиот гигант „Газпром“ целосно ќе ја сопре славината за Северен Тек 1. Гасоводот, според Москва, е на десетдневен ремонт и моментално не доставува гас. Западот не е убеден во приказната и вели дека се работи за уцена.
– Сè е можно. Сè може да се случи – изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за „Deutschlandfunk“ во саботата.
– Можеби гасот повторно ќе тече, можеби повеќе од порано. Може да се случи и ништо да не дојде – додава тој.