🎥📷 ГЕНИЈАЛНА РЕКЛАМА НА „ФЕРЕРО“ Дали треба да инвестирате во новите златни фигури Хари Потер?
Во последните неколку недели се крена прашина околу златната фигура на Хари Потер, во форма на Фанко Поп играчките, која масовно се продава на социјалните мрежи, а некаде достигнува цена и од 200 до 700 евра. (Кај нас дури и има и такви што бараат 35.000 евра за неа).
„Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“
Вака отприлика гласат голем број огласи што деновиве се споделуваат на социјалните мрежи, а каде на љубителите и на колекционерите им се нуди „уникатната“ фигура од Киндер јајце, која наводно вреди многу. За што всушност станува збор?
Компанијата Фереро УСА (Ferrero USA), која е сопственик на брендот и на чоколадите Киндер џој (Kinder Joy), годинава лансира нова серија играчки во соработка со франшизата Хари Потер.
Во омилениот десерт за голем број деца сега се вклучени 16 уникатни играчки.
Оваа колекција има два украси за моливи, две налепници, два бележника за книги и 10 мали играчки кои се преземени од хит филмовите Хари Потер.
Но, во последните неколку недели се крена прашина околу златната фигура на Хари Потер, во форма на Фанко Поп играчките, која масовно се продава на социјалните мрежи, а некаде достигнува цена и од 200 до 700 евра. (Кај нас дури и има и такви што бараат 35.000 евра за неа).
Иако не се знае дали некој навистина ја продал фигурата по таа цена или се збогатил од неа, факт е дека Тик-Ток и Фејсбук се преплавени со објави на темата.
На официјалната страница на компанијатa засега нема никакви информации за тоа колку е ретка оваа фигура, но јасно е дека инфлуенсерите на социјалните мрежи продолжуваат да ја шират приказната.
Не, оваа играчка не е изработена од вистинско злато или платина – пластична е како и сите останати, но она што ја прави посебна е приказната што се шири за неа.
@.panta.tv ZLATNI Harry Potter, PRAVI ili LAZNI? #balkan #fypシ゚viral #fyp #fy #kinderjaje #kinder #harrypotter #srbija #bosna #hrvatska #makedonija #crnagora ♬ original sound – Panta-TV
Наводно, вистинската „златна“ фигура на Хари Потер е многу ретка, а може да се препознае само по единствениот код.
Според приказните што се шират на интернет, во светот има само 10 вистински златни фигури на Хари Потер, а сите други се копии.
Затоа масовно се објавуваат видеа, во кои се објаснува на кои работи треба да обрнете внимание за да бидете сигурни дека сте го добиле вистинскиот „Златен Хари Потер“.
Познатиот српски пејач и тиктокер Филари, на својот Тик-Ток профил објави видео во кое не можеше да ја скрие радоста затоа што го добил вистинскиот Хари Потер.
@filarri Replying to @Samira ig: filarrimusic #filarri #harrypotter #harrypotterkinderjoy #zlatniharrypotter #goldenharrypotter #kinderharrypotter ♬ Quirky Suspenseful Indie-Comedy(1115050) – Kenji Ueda
На секоја објава за Златниот Хари Потер има голем број коментари од следбеници кои тврдат дека и тие ја добиле истата фигура со истиот код, па оттука се поставува прашањето дали можеби станува збор за уште една интернет измама.

Како и да е, и во Македонија има голем број објави на темата, па на некои Фејсбук страници за колекционери, се поставени голем број огласи за продажба на „Златен Хари Потер“ со код.
Исто така, веќе има многу понуди и на веб-страната Ибеј, кои се движат меѓу 950 и 1.500 долари. А одредени купци и ги купиле за тие цени, иако има фигури кои имаат цена од 2 до 5 долара. Но, неколкумина успеале да ги продадат своите играчки за високи цени.

Би дале ли 700 евра за играчка, за која никој не е сигурен дека навистина е ретка? Поради немањето доволно информации, не се знае дали инвестицијата во овие играчки се исплати, но пазарот ќе ја покаже нивната вредност. Можеби е и добра инвестиција, а можеби не, но сигурно ќе доведе до добра заработка на компанијата „Фереро“. Според некои, ова е најдобрата реклама за компанијата.