ГЕНИЈАЛЕН ТРИК ЗА ДА СЕ СПАСИТЕ ОД ПОВРЕДИ И СКРШЕНИЦИ Кога има мраз, одете како пингвин (ВИДЕО)
Важно е да правите мали чекори, да одите бавно и секогаш да ја пренесувате телесната тежина само на една нога. Не ги држете рацете во џебовите. Балансирајте го одењето со нив по потреба. Без сомнение ќе изгледате многу смешно, но барем нема да морате да носите гипс.
Во средината на јануари сме и чувствуваме дека зимата го покажува своето вистинско лице. Утрата стануваат поладни, а штом се појават првите врнежи, минусите ќе доведат до формирање на ледена површина која може да биде многу опасна. За тоа сведочат извештаите што секоја зима ги слушаме на вестите. Ако се лизнете на мразот и паднете на земја со целата тежина, секогаш постои можност да не ви биде ништо, односно, само малку да се „истегнете“. Но, за жал, може да добиете и повреди и скршеници на коските, а да не зборуваме за повредите на главата.
За да не се лизнеме, експертите советуваат да одиме по мраз и замрзнати површини како пингвини.
Тоа значи дека торзото треба да биде навалено напред и со тоа да го префрлиме центарот на тежината на предната нога.
Имено, при нормално човечко одење, телесната тежина е рамномерно распоредена на двете нозе, а тоа го зголемува ризикот од паѓање на лизгави површини.