ГЕНЕРАЛИ ВО БЕЛО Дејан Христовски алијас Дени 4 сезони, за новата професорска улога и за своите ученици
Улогата на професор во средното училиште „Лазар Танев“ која сега ја играм, е најдобрата што сум ја добил досега. Го сакам дури и патот од дома до школо и едвај чекам да стигнам и да ги видам учениците како генерали во бело, спремни за нови предизвици, за нови вкусови, за нови гастрономски приказни, вели нашиот соговорник, готвачот Дејан Христовски, кој од неодамна е професор во средното училиште „Лазар Танев“.
Дејан Христовски кој го паметиме по ТВ емисијата „4 сезони“, како што подоцна се викаше и неговата пицерија во ТЦ „Бисер“, долго работеше и, како што вели, се обучуваше во готвењето, во Шведска, Германија и Виена. Извесен период работеше како шеф на кујна во струмичкиот „Вила Парк“, но и во скопски „Мериот“, а работеше и како консултант, односно, држеше обуки за угостителските работници во различни угостителски објекти ширум државата.
Од неодамна Дејан се најде во една нова улога и работи како професор по готварство и слаткарство во средното угостителско училиште „Лазар Танев“, шанса која, вели, ја прифатил и ја работи со големо задоволство.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.