ГЕЈТС ОТКРИВА ДАЛИ НАВИСТИНА САКА ДА НЀ ЧИПИРА Теориите на заговор се луди, луѓето ми викаат на улица

Знаете, јас трошам милијарди на вакцини, а не заработувам пари на вакцини, вакцините спасуваат животи, изјави Гејтс за Би-Би-Си.

1,701

Во опширното интервју за емисијата Би-Би-Си Тудеј, Бил Гејтс изјави дека теориите на заговор за него се луди, дека не требал да се сретне со Џефри Епштајн и дека е многу тажен откако се развел седејќи сам во куќа со 18 бањи. Гејтс смета дека теориите за „чипирањето“ дошле токму поради моќта на социјалните мрежи.

– На некој начин, смешно е колку навистина е лудо. Значи, дали навистина сакам да ги следам луѓето? Знаете, јас трошам милијарди на вакцини, а не заработувам пари на вакцини, вакцините спасуваат животи – изјави Гејтс за Би-Би-Си.






Тој исто така рече дека теоретичарите на заговор му викале на среде улица.

– Неодамна бев во јавност и некои луѓе ми викаа дека ги следам. Тоа е страшна работа.

Тагувам, разводот е многу тежок

Гејст и неговата сопруга Мелинда минатата година објавија дека ќе се разведат. Двојката ја основаше фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни организации во светот, а во брак се 27 години. По разводот, Бил Гејтс остана сам во вила со 18 бањи:

– Тагувам, како и неа. Мојот живот е многу поинаков сега. Моите деца си заминаа од дома, последното дете отиде на факултет пред една година. Разводот е многу тежок. Беше тешка година – вели Гејтс.

Не требаше да се сретнам со Епштајн

Бракот заврши со извештаи дека Гејтс имал вонбрачна врска. Во март, Мелинда Гејтс исто така рече дека го прашала зошто одржува состаноци со озлогласениот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.

– Не ми се допадна тоа што (Гејтс) се среќавал со Џефри Епштајн. Тоа јасно му го кажав – изјави Мелинда за Си-Би-Ес во март.

Гејтс го опиша разговорот со Епштајн како грешка:

– Не требаше да се сретнам со Џефри Епштајн. Знаете, можеби инстинктите на Мелинда беа поостри од мојот. Секоја средба со него може да се смета за речиси изговор за неговото однесување. Значи, тоа беше грешка.

Нема потреба Маск да биде љубезен кон мене

Бил Гејтс порано беше најбогатиот човек на светот, а таа титула сега ја носи Маск. Двајцата мажи, сепак, најдобро не се согласуваат. Минатата недела Маск го обвини Гејтс дека се обложил дека акциите на компанијата „Тесла“ на Маск ќе изгубат вредност. Тој објави и детски навреди на профилот на Гејтс на Твитер.

– Нема потреба тој да биде љубезен кон мене – коментираше Гејтс.

Маск тврдеше дека ваквото обложување на Тесла, американска компанија која произведува електрични автомобили, ја поткопува љубовта кон екологијата на Гејтс.

– Тоа нема никаква врска со климатските промени. Имам начини да се диверзифицирам – возврати Гејтс.

– Популарноста на електричните автомобили ќе доведе до поголема конкуренција во продажбата на тие автомобили. Значи, постои разлика помеѓу прифаќање електрични автомобили и создавање бескрајно вредни компании – додаде милијардерот.

Потоа Маск го купи Твитер и крена прашина во медиумите.

– Знаеш Илон, претпоставувам дека Твитер може да биде полош. Но, може да биде подобро … Па ќе почекам и ќе видам – гласеше коментарот на Гејтс.

Поврзани содржини