ГЕЈМЕРОТ И ЉУБИТЕЛ НА ПИЦИ СТАНА СВЕТЕЦ НА ВАТИКАН Акутис почина на 15 години од леукемија
Роден е во Лондон, но израснал во Милано. Акутис бил пасиониран љубител на технологија. И покрај тоа што не важел за посветен верник, вербално ја бранел верата на училиште и создал дигитален каталог на евхаристиските чуда. Мајка му, по неговата смрт, патувала низ светот во обид да го доближи неговиот лик до верниците и постојано зборувала за надежта дека ќе биде прогласен за светец.
Бил зависник од видеоигри, сакал пица, но истовремено ги документирал чуда онлајн – Карло Акутис денеска влезе во историјата како првиот милениумец кој станал светец, јави „Гардијан“.
Прогласувањето се одржа на церемонија во Ватикан, предводена од новиот папа Лав XIV. Овој 15-годишен италијански тинејџер, кој починал од леукемија во 2006 година, го добил прекарот Божји инфлуенсер, бидејќи уште како дете создал интернет-страници каде што документирал чуда од светот на католичката вера.
– Првото чудо се случи на денот на погребот. Жена со рак на дојка се молеше за Карло додека се спремаше да започне со хемотерапија и ракот целосно исчезна – кажа неговата мајка Антонија Салцано.
Папата Фрањо му припишал две чуда и со тоа бил исполнет условот за канонизација.
„Карло е симбол на верата на новата генерација“, објави Ватикан.
Претходно, церемонијата требало да се одржи во април, но била одложена по смртта на папата Фрањо. Се проценува дека повеќе од милион луѓе го посетиле Асиси, местото каде што телото на Акутис е изложено во стаклен саркофаг, обликуван со восочна маска.
Роден е во Лондон, но израснал во Милано. Акутис бил пасиониран љубител на технологија. И покрај тоа што не важел за посветен верник, вербално ја бранел верата на училиште и создал дигитален каталог на евхаристиските чуда.
Мајка му, по неговата смрт, патувала низ светот во обид да го доближи неговиот лик до верниците и постојано зборувала за надежта дека ќе биде прогласен за светец.
Според извори во Ватикан, неговата брза канонизација е дел од поширока стратегија – да се врати интересот на младите за верата преку личности кои го отелотворуваат новиот дух на светост.