(ГАЛЕРИЈА) РЕТРО ВОЗИЛА ГО РАЗУБАВИЈА КУМАНОВО Максо и Бомгартнер се возеа во „Пежо 404“

936

Кумановци денеска уживаа во глетката на ретро возилата кои продефилираа низ улиците и беа паркирани во близина на кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

Клубот „Пежо 404“ го организираше дефилето, прв пат надвор од Скопје, во соработка со француската амабасада.






Во гимназијата во таков ретро-примерок се довезоа и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и францускиот амабасадор, Сирил Бомгартнер.

– Овој пат сакавме да дојдеме во гимназијата која има билингвална паралелка и тие се наши редовни посетители во Скопје. Дојдовме со француските возила и пријателите, да го разубавиме настанот и да ја разбиеме секојдневната монотонија. Има повеќе возила во пежо клубот има 12 возила, во мини клубот, околу десетина, во ситроен петанесетина и во застава повеќе – изјави Горан Ивановски од клуб „Пежо 404“.окрај претставници од „Пежо 404“ имаше претставници од „Цитроен 2 ЦВ“ клуб, од мини клуб и од застава клуб.

Клубот е формиран од ентузијасти, љубители на историските возила на фабриката Пежо, а моделот 404 е дел од врвните технолошки достигнувања на светската автомобилска технологија на шеесетите години од минатиот век.

– Грижата за таквите примероци е израз на култура, одговорност и благодарност кон опусот и минатиот труд на генерациите на нашите родители и прародители. Од друга страна, присуството на тие возила во тие години кај нас, зборува и за нашата култура и стандард на живот тогаш. А тоа што успеваме да ги заштитиме и сочуваме, зборува за нашата култура денес. Сите овие спомени и искуства се одржуваат и освежуваат преку повремените активности како оваа – велат од клубот.

Фото: МИА / ФБ профил на Максим Димитриевски

Поврзани содржини