ФРАНЦИЈА ЗАБРАНУВА ОБЈАВУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ ОД ДЕЦА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Во екстремни случаи, со правата на детето ќе се занимава социјален работник

Предлог-законот поднесен во францускиот парламент треба да стави крај на објавувањето на фотографии и видеа на мали деца и на трендовите во кои тие се понижувани и исмејувани заради лајкови. Ова вклучува видеа како оние каде родителите им фрлаат парчиња сирење во лицата на своите бебиња и ги снимаат нивните реакции.

145

И покрај тоа што се меѓу најуспешните креатори на содржини, на родителите – инфлуенсери наскоро може да им биде забранет пристапот на социјалните мрежи во Франција. Политичарите поднесоа нов предлог-закон кој ќе ги спречи родителите да објавуваат фотографии и видеа од своите деца.

Во лудиот свет на социјалните мрежи, родителите кои објавуваат фотографии и видеа од своите деца, сигурно не се некоја новост. Ознаките како #mumtok имаат повеќе од 10 милијарди прегледи на ТикТок, а постојат и безброј сметки на Инстаграм каде родителите ги објавуваат своите деца, разменуваат совети и искуства за родителство.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини