ФРАНЦИЈА, ВОЈСКАТА И ЖОЗЕФИНА Последните зборови на Наполеон Бонапарта
Невообичаен е и начинот на кој двајцата се запознале. Пол Барнс, кој додека ѝ бил љубовник на Жозефина, го наговарал офицерот Бонапарта да се запознае со неа, советувајќи го дека вдовицата и мајка на две деца ќе биде идеална сопруга за него.
Ништо во нивната врска не беше вообичаено. Тој беше низок, неуреден и делуваше запуштено. Таа беше омилената дама во секое друштво, ја биеше глас дека е „лесна“ жена, која ужива во луксузот и тражи богати љубовници. Сепак, тие двајцата ја испишаа една од најубавите љубовни приказни во историјата. Ова е сторијата за љубовта на Наполеон и Жозефина.
Невообичаен е и начинот на кој двајцата се запознале. Пол Барнс, кој додека ѝ бил љубовник на Жозефина, го наговарал офицерот Бонапарта да се запознае со неа, советувајќи го дека вдовицата и мајка на две деца ќе биде идеална сопруга за него. Сведоците на нивната прва средба, која се случила на една забава во Париз во 1975 година, сведочат за историјата дека Наполеон уште при првиот поглед се вљубил во Жозефина. Било доволно таа кокетно да ја подигне трепките на очите, за генералот да го загуби здивот. Во тој момент таа има 32 години, додека тој 26.
На хроничарите им се достапни и љубовните писма што двајцата си ги праќале.
– Веќе не доаѓаш кај твојата пријателка на која си ѝмногу мил. Целосно ја напушти. Грешиш, бидејќи таа има многу нежни чувства кон тебе. Дојди утре на ручек кај мене. Сакам да те видам, да разговараме за твоите должности – ова е фрагмент од писмото на Жозефина ипратено на Наполеон, кое наводно датира пред почетокот на љубовната врска.
Иако родителите и роднините од двете страни биле се противеле на нивната врска, Наполеон решава да ја побара нејзината рака, а таа воодушевено прифаќа.

Прородниот мирис на Жозефина
Историчарите на увид ја имаат и пораката што Бонапарта ѝ ја има пратено на својата сопруга, од едно кратко патување.
– Се враќам утре во Париз, немој да се бањаш го сакам твојот природен мирис – напишал големиот војсководец.
Нивните слуги во повеќе наврати сведочеле за љубовните активности на сопружниците, а очекувано било да се разбудат во текот на ноќта, поради бучноста на вљубениот пар.
– Водеше љубов брзо и жестоко. Како пожарникар кој гаси пожар – оваа изјава многумина ѝ ја припишуваат на Жозефина.
Сепак, Наполеон не ѝбил доволен на Жозефина, па таа имала голем број на љубовници, кои спиеле во неговата постела за време на неговите славни воени походи. Нејзиниот разуздан живот живот бил главна тема во кулоарите на Париз, а тоа го предизвикало Наполеон да возврати со еднаква мерка. Наводно тоа било пресудно за таа да стане свесна за љубовта кон него, па врската станала поцврста.
Љубов за цел живот
Пет години откако била крунисана за царица, Жозефина била приморана да се разведе од францускиот император, бидејќи не можела да му роди наследни. Сепак и двајцата останале во блиски односи, а тој се грижел за нејзе и нејзините деца до смрта.
– Откако те напуштив постојано сум несреќен. Мојата среќа е да бидам покрај тебе. Постојана живеам во сеќавањата, твоите солзи, твојата грижа – ѝпишувал Наполеон на Жозефина.
Четири години по разводот, Наполеон веќе поразен и прогнан на островот Елба ја слушнал цеста за смртта на поранешната сопруга. Бил неутешен.
Никогаш не ја заборавил. Велат дека во миговите на делириум, на умирање, изговорил три збора – Франција, војската и Жозефина.