ФРАНЦИЈА Е ВО СОЦИЈАЛНА КРИЗА, А МИНИСТЕРКАТА ЗА СОЦИЈАЛА Е НА НАСЛОВНАТА НА „ПЛЕЈБОЈ“ Не стивнуваат реакциите на сметка на активистката за права на жените

Левичарскиот радикал и поранешен претседателски кандидат, Жан-Лук Меланшон, објави дека „Франција излегува од шините“ повикувајќи се на изгледот на Шјапа во „Плејбој“ и на одлуката на претседателот Емануел Макрон да даде интервју за детското списание „Пиф Гаџет“ и покрај тоа што со недели ги избегнуваше медиумите.

2,154

„Одбраната на правото на жените да вршат контрола над нивните тела е насекаде и во секое време. Во Франција жените се слободни. Со сета почит кон заостанатите и лицемерите“, напиша

француската министерка Марлен Шјапа, откако беше изложена на остри напади поради тоа што се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“.






Четириесетгодишната Шјапа е долгогодишна активистка за правата на жените. Освен што позираше за насловната на „Плејбој“, таа даде и интервју на цели 12 страници, за положбата на жената и ЛГБТ заедницата во Франција.

Таа во моментов е министерка за социјална економија, а претходно ја извршуваше должноста прв државен секретар за родова еднаквост. Позната е како борец против семејното насилство и против родово базираното насилство.

По нејзиното појавување на насловната страница на „Плејбој“, на која, за волја за вистината, таа е облечена, критиките за скандалот не стивнуваат. Испровоцирана е и премиерката Елизабет Борн, а беше критикувана и од членовите на нејзината партија La republique en marche.

Премиерката Борн изјави дека појавувањето на Шјапа во ова списание „воопшто не е соодветно, особено во овој момент“. Франција веќе подолго време е во политичка и социјална криза, по одлуката на претседателот Емануел Макрон да го промени законот за пензионирање.

– Прво мислев дека е 1 април. Можам да ја разберам феминистичката борба, но не гледам зошто би го направиле тоа во „Плејбој“. Има и други начини – изјави нејзиниот партиски колега Лудовик Мендес.

Сандрин Русо, политичар од Партијата на зелените, оцени дека станува збор за трик и обид да се оттргне вниманието од тековните масовни протести низ земјата.

– Ние сме среде социјална криза, тука е прашањето на полицијата, има луѓе меѓу животот и смртта. Мене ова ми изгледа на завеса од чад – рече тој во петокот.

Левичарскиот радикал и поранешен претседателски кандидат, Жан-Лук Меланшон, објави дека „Франција излегува од шините“ повикувајќи се на изгледот на Шјапа во „Плејбој“ и на одлуката на претседателот Емануел Макрон да даде интервју за детското списание „Пиф Гаџет“ и покрај тоа што со недели ги избегнуваше медиумите.

„Во земја каде што претседателот се изразува во Пиф, а неговата министерка во Плејбој, проблемот би била опозицијата. Франција излегува од шините“, напиша Меланшон на Твитер во саботата.

Поврзани содржини