ФРАНЦИЈА ЈА ГУБИ АФРИКА За превласт над „црниот континент“ се борат Русија, Кина и САД

2,694

Отворено писмо потпишано од 94 пратеници од разни партии испратија тројца сенатори до претседателот Емануел Макрон во кое велат дека Франција мора да ја преиспита својата политика кон Африка, пишува Фигаро.

„Денес Нигер, вчера Мали, Централно африканската република и Бурикна Фасо ги отфрлија Франција, француската војска и француските компании. На наше место, по неуспехот на операцијата Бархан, дојде Вагнер, кој ни најмалку не е загрижен за човековите права и демократијата, но е совршено достапен на сите диктатори и лидери кои сакаат да се одржат на власт со обединување на своето население против старата ‘колонијална сила,“ пишуваат сенаторите.






Тие предупредуваат дека ваквото расположение се шири и во држави како Сенегал и Брегот на слоновата коска, кои претходно биле наклонети кон Франција.

Сенаторите потсетуваат дека и северноафриканските држави се оддалечуваат од Франција. Алжирскиот претседател зборува за Франција како „големата Сатана“ виновна за проблемите на неговиот народ, Мароко почнува да бара воени и економски партнери подалеку од Париз, а Тунис сѐ повеќе се врти кон САД, ЕУ и Арапскиот свет.

„Денес некогашната Франсафрика е замената со воена Русафрика, економска Кинафрика и дипломатска Америафрика. И што се случува во однос на потиснувањето на франкофонијата во однос на англискиот јазик“, пишуваат француските сенатори.

 

Поврзани содржини