(ФОТО+ВИДЕО) 11-ГОДИШНАТА АВСТРАЛИСКА МИЛИОНЕРКА РЕШИ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА Време е за училиште, бизнисот ќе мирува
Девојче од Австралија кое заработе милиони долари продавајќи лакови и започнувајќи бизнис со „фиџет спинери“ за време на пандемијата, ќе се повлече од работа од која заработе многу пари и наместо тоа ќе се фокусира на училиштетот и на домашните задачи.
Пикси Кертис, 11-годишната австралиска милионерка, објави дека ќе се „полупензионира“ од бизнисот за да се подготви за почетокот на средното училиште. Девојче од Австралија кое заработе милиони долари продавајќи лакови и започнувајќи бизнис со „фиџет спинери“ за време на пандемијата, ќе се повлече од работа што и носи милиони долари и наместо тоа ќе се фокусира на поприземни работи како пишување домашна работа.
View this post on Instagram
-Пикси одлучи „да ги обеси чевлите“ на онлајн продавницата за играчки за да се фокусира на претстојното влегување во средно училиште – изјави за австралиските медиуми, мајката на Пикси, Рокси Јаченко, позната менаџерка и стручњак за односи со јавноста од Сиднеј.
Почнувајќи го фиџет бизнисот, 11-годишното девојче заработи 200.000 долари уште во првиот месец, а за три години веќе стана млада милионерка. Нејзината мајка сега вели дека успехот на Пикси значи дека таа може да се пензионира на 15 години како милионерка.
View this post on Instagram
Јаченко објасни дека одлуката Пикси да се повлече од бизнисот што и донесе милиони за да се посвети повеќе на училиштето, не била лесна и ја донеле заедно како семејство.
-Во текот на изминатите неколку месеци, разговаравме за деловните планови како семејство и одлучивме дека иако тоа беше неверојатно патување кое започна пред околу три години, време е да се префокусираме на средното училиште. Иако онлајн продавницата Pixie’s Pix ќе остане, таа ќе се врати на она што започна во 2011 година – како најдобра дестинација за детски додатоци за коса и машнички познати како Pixie’s bows – нешто што ќе продолжиме да го управуваме заедно, но со многу помалку време и притисок за Пикси“, објасни таа.
View this post on Instagram
Младата претприемачка од Австралија подготвува забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден, за да се посвети на образованието. Рааскошната роденденска забава наводно чинела 40.000 долари.