(ФОТО) ОБЈАВЕНА ПОСЛЕДНАТА ФОТОГРАФИЈА НА СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ „Изеде неколку сладоледи и се шегуваше со сите како и секогаш“

Фотографијата е снимена пред да биде примен во болницата Сан Рафаеле, каде што почина во понеделникот наутро.

1,195

Италијанските медиуми ја објавија последната фотографија од поранешниот премиер Силвио Берлускони пред да биде примен во болницата Сан Рафаеле, каде што почина во понеделникот наутро. Фотографијата е направена во еден од неговите омилени локали во Милано. На неа Берлускони прегрнува момче, син на сопственикот на барот, пишува La Stampa.

Берлускони е насмеан на фотографијата, но изгледа сосема поинаку од човекот што сме навикнати да го гледаме.






“Изеде неколку сладоледи бидејќи надвор беше топло. Се шегуваше со сите, како и секогаш”, рекол сопственикот на барот  “Maximilian Bistrot di Milano 2”, Масимилијано Албанезе, еден од последните луѓе кои го сретнале Силвио Берлускони во петокот попладне, пред неговиот прием во Сан Рафаеле.

За време на неговата последна посета на градинарскиот кварт што сам го изградил меѓу 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога „владеел“ со недвижностите, Берлускони бил придружуван од лица од обезбедувањето и неговата свршеница Марта Фасина. Берлускони побарал маса со поглед на познатото „лебедово езеро“, а потоа со насмевка застанал да се фотографира и со 7-годишен син на сопственикот.

„Тој секако беше малку исцрпен, но како и секогаш достапен за секого“, вели Масимилијано, кој веќе неколку пати го угостил поранешниот премиер во својот ресторан.

Силвио Берлускони, почина во понеделникот,  во болница во Милано на 86-годишна возраст. Медиумскиот магнат, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, еден од најуспешните во Европа и светот, беше примен во болница на почетокот на април поради белодробна инфекција поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија.

Берлускони првпат стана премиер во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година. Неговиот живот го одбележаа и бројни скандали и разни обвинувања за корупција.

Поврзани содржини