(ФОТО) ВЛЕГУВАШ ВО КАБИНА И СЕ ПРСКАШ ПРОТИВ КОМАРЦИ Српска фирма има интересна идеја за справување со проблемот
Не остава дамки на облеката или леплив остаток, брзо се апсорбира и ефикасно делува против комарци до три часа по нанесувањето, а нанесувањето можеме да го повторуваме неограничен број пати, вели Александар Терзиќ, еден од креаторите на проектот.
Kомпанијата MOSQ-SWITCH од Шабац во Србија изработи иновативна кабина во која луѓето ќе можат да се испрскаат против комарци и заштитата да им трае три часа. Самата кабина од 1 метар квадратен е зелена бидејќи се напојува до соларен панел. Проектот бил поддржан од српскиот Фонд за иновативности со 4.150.900 динари.
Ова „самопослужување“ со услугата трае само пет секунди, пишува порталот Срда.
– Не остава дамки на облеката или леплив остаток, брзо се апсорбира и ефикасно делува против комарци до три часа по нанесувањето, а нанесувањето можеме да го повторуваме неограничен број пати – вели Александар Терзиќ, еден од креаторите на проектот.
Тој вели дека ако експериментот е успешен, очекува властите во Белград да одобрат поставување на голем број вакви кабини во главниот српски град. Кабината би можеле да ја користат и хотелите, јавните институции или пак фестивалските настани.