(ФОТО) МИЛОШЕВИЌ ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕНИК ВО ЦЕНТАРОТ НА МОСКВА? Белград ја одбил иницијативата, руските пријатели прифатиле
Водачот на руските моторџии „Ноќни волци“, Александар Залдастанов, попознат како Хирургот, изјави дека се подготвени да помогнат во транспортот на скулптурата на Милошевиќ во Москва и нејзино поставување.
Наместо во Белград, споменик на покојниот српски претседател Слободан Милошевиќ висок два метра до средината на јуни требас да биде поставен на плоштадот Европа во Москва, кој се наоѓа во поширокиот центар на градот. Според објавени фотографии на руска вебстраница, Милошевиќ во раката ќе држи маска инспирирана од сликата „Врисок“ на Ван Гог.
Скулптурата ја работи Драган Раденовиќ на иницијатива на српското здружение „Слобода“, а откако биле одбиени за Белград, руски пријатели ги поканиле споменикот да се постави токму на плоштадот на киевската железничка станица, каде возови од Белград доаѓаат и одат со децении.
— ScepanCar (@ScepanCar) May 14, 2023
Угледниот московски професор д-р Марат Баширов изјави дека Слободан Милошевиќ одамна предвидел и кажал што Западот има намера да му направи на „остатокот од светот“, а дека тоа се гледа и од примерот на Украина.
Водачот на руските моторџии „Ноќни волци“, Александар Залдастанов, попознат како Хирургот, изјави дека се подготвени да помогнат во транспортот на скулптурата на Милошевиќ во Москва и нејзино поставување.
– Ќе направиме сѐ што е потребно споменикот да се транспортира и да се постави во Москва бидејќи Милошевиќ беше херој кој го даде животот за Србија – рече Залдастанов.
Руските медиуми пишуваат дека пред две години имало иницијативи да се подигне споменик на Милошевиќ во Белград, но оваа идеја не се остварила. Милошевиќ нема споменик ниту во родниот град, ниту каде било во Србија.
Амбасадата на Србија во Москва нема информации за поставувањето на споменикот.
Во текстот на оваа вебстраницата „Цариград“ се вели дека одбраната на Слободан Милошевиќ била предупредување за Русите, Белорусите и Украинците за дволичноста на Западот.