ФИЛМОТ НА НЕТФЛИКС ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПРИНС ЗАВРШИ ВО БУНКЕР Еве зошто нема да го видиме документарецот од 9 часа што се подготвуваше 5 години

Кога управниците на оставштината на легендарниот музичар ја виделе оригиналната верзија на режисерот Езра Еделман, одлучиле филмот да не се емитува.

550

Нетфликс одлучи да го откаже документарниот филм за животот и кариерата на легендарниот музичар Принс, кој се подготвуваше повеќе од пет години.

Оригиналниот деветчасовен документарец, во режија на Езра Еделман, наиде на проблеми кога новите управници на имотот ја прегледале неговата верзија и оцениле дека е сензационалистички. Филмот содржел наводи за физичко и емоционално малтретирање, се вели во написот во магазинот „Њујорк тајмс“.






Џил Џонс, поранешната партнерка на Принс, изјавила дека музичарот постојано ја удирал, додека Сузана Мелвоин тврдела дека тој ја контролирал и ја спречувал да се види со семејството.

Документарниот филм, кој вклучува снимки од приватната архива на Принс и интервјуа со повеќе од 70 луѓе, се осврнува и на трагичната загуба на неговиот син и неговото тешко детство. Документарецот открил и други тврдења за детството на Принс, вклучително и информации дека тој бил жртва на злоупотреба и дека затоа може да бил емотивно манипулативен.

Еден од адвокатите на администраторите на имотот на Принс поднел цели 17 страници со коментари, барајќи промени во филмот. Режисерот Еделман се согласил на одредени прилагодувања, но одби да отстапи за некои теми, наведувајќи дека е тешко да се прикаже вистината кога секој има различни верзии на настаните.

Филмот засега останува во бункер.

Поврзани содржини