ФИЛМ ЈА ОТКРИВА МОРБИДНАТА ТАЈНА ЗА „САРАЕВСКОТО САФАРИ“ Богати странци плаќале да гаѓаат цивили со снајпер
Богати странци, претежно од западните земји, доаѓале во околината на Сараево, на позициите што ги држаеле босанските Срби и војската на Република Српска и од таму им било дозволувано, за одредена парична надокнада, да пукаат со снајпери во невооружените сараевски цивили.
Филмот „Сараевско сафари“ на словенечкиот режисер Миран Зупанич, кој наскоро треба да биде прикажан на фестивалот АЈБдокс ги поместува дури и најлудите сфаќања за возможното и подносливото во војната во Босна и Херцеговина, па и во војните воопшто.
Филмот зборува за една шокантна, помалку позната појава во времето на опсадата на Сараево, наречена „лов на луѓе“. Имено, постојат сведочења од војната, за кои говори и овој филм, според кои богати странци, претежно од западните земји, доаѓале во околината на Сараево, на позициите што ги држаеле босанските Срби и војската на Република Српска и од таму им било дозволувано, за одредена парична надокнада, да пукаат со снајпери во невооружените сараевски цивили.
Почетна станица на овие „авантуристи“ бил Белград, од каде со хеликоптер или со автомобил биле превезувани до Пале. Не е познато колку такви „туристи“ допатувале во Босна ниту се знае колку луѓе убиле.
– Овој феномен и натаму е обвиткан со превез на тајна, а ние успеавме колку толку да го оттргнеме. За негова реализација бил потребен цел синџир на луѓе, почнувајќи од тие што ги нуделе тие „аранжмани“, па до тие што се грижеле за логистика и за организација на терен – вели режисерот Миран Зупанич во интервју за Алџезира Балканс.
Филмската екипа со години барала и нашла луѓе кои биле спремни пред камери да сведочат за феноменот „сараевски сафари“, но имало и такви кои одбивале, а некои прво се согласиле, а подоцна се предомислиле. Стравот, вели Зупанич, и после 30 години, уште е присутен.
Според сведоците, имало луѓе од Америка, канада, од Русија, Италија, кои биле доволно мо
ни да платат високи суми, кои не се наведуваат конкретно.
Според режисерот, ова е првпат таа страотна приказна да се отвори во јавноста, а тој наишол на информации дека постоењето на оваа срамна „туристичка“ дејност им била позната на странските разузнавачки служби, но тие не презеле ништо да ја спречат.