(ВО ЖИВО) ФИЛИПИНЦИ СЕ РАСПНУВААТ И СЕ КАМШИКУВААТ ЗА ВЕЛИКИ ПЕТОК Старец бил распнат 35 пати досега
Селото Сан Педро Кутуд во провинцијата Пампанга е најпопуларното место за распнување на Филипини. Илјадници посетители таму ги сведочат овие екстремни чинови на вера.
Најмалку десетмина денеска биле приковани на дрвени крстови во Филипини, додека, пак, други си го камишикувале грбот додека не прокрвават во традиционалното репризирање на смртта на Исус Христос.
Обредите на Велики петок, кулминација на велигденските прослави во католичката земја, се одржале во неколку села во услови на интензивна летна жештина и влажност.
Селото Сан Педро Кутуд во провинцијата Пампанга е најпопуларното место за распнување. Илјадници посетители таму ги сведочат овие екстремни чинови на вера.
Рубен Енаје ја презел главната улога во годишната традиција во Сан Педро Кутудо и бил распнат по 35-ти пат откако носел дрвен крст тежок 37 килограми речиси 2 километра по рид.
Дедото на 7 внуци ветил дека ќе продолжи да го предводи процесот на распнување сѐ додека има сила.
– Постојано велам дека лани беше последен пат, па нема да го повторам тоа. Кога ќе ми откаже телото, тоа ќе ми биде последен пат – изјавил 63-годишниот маж во телефонски разговор за агенцијата ДПА.
Освен што се молел за повеќе благослови за своето семејство, Енаје рекол дека бара заштита за Филипини, владата и за народот, особено во екот на конфликтот со Кина околу Јужното Кинеско Море.
– Кина е можеби поголема од нас, но ние го имаме Господ на наша страна. Ништо не е невозможно со Бога – рекол тој.
Католичката црква не ги поттикнува екстремните чинови на вера, но не презема многу за да ја запре оваа практика.
Велигденските прослави се најважниот верски настан на Филипини, земја во која католиците сочинуваат повеќе од 85% од населението.