ФЕСТИВАЛ НА БИОДИВЕРЗИТЕТ Запознајте се, потсетете се, уживајте во вкусовите на локалните производи
Од Слоу фуд веруваат дека може да се обезбеди добра, чиста и правична храна за сите во Македонија и во прилог на ова тврдење, повикуваат и сами да се уверите запознавајќи се со малите локални производители чии производи ќе ве потсетат на вистинските традиционални и локални вкусови
о Паркот на франкофонијата во Скопје, од утрово во 10 часот, на едно место се наоѓаат голем број производители, дел од големата заедница на Слоу фуд Македонија каде што се одвива „Фестивал на Биодиверзитет”, кој го организира конвивиумот „Слоу Фуд Водно“,
Тука можете да ги откриете или да се потсетите на вкусовите на локалниот зеленчук и овошје, традиционалните сирења и месни производи, да ги дегустирате и да ги препорачате, а воедно да бидете дел од заедницата чија цел е да се подигне јавната свест за значењето на локалниот биодиверзитет на храна.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.