ФЕРЕРО РОШЕ, МЕЈД ИН СКОПЈЕ Едноставен и брз рецепт за вкусни бомбици

Рецептот за овие вкусни крцкави бомбици ни го испрати скопјанката Олгица Русимов Павловска која е позната по изработката на декоративнни предмети, но и по тоа што посветува многу внимание и ужива во декорирањето на трпезите

358

Има луѓе што не јадат баш многу благо ама прават фантастични десерти. Таквите не ги разбирам, ама многу ги сакам. Нашата читателка Олгица Русимов Павловска е една од нив. Вели дека додека таа се реши да проба нешто што направила за домашните, обично веќе нема. Имено, нејзиниот сопруг е голем мераклија за благо, па добро е што воопшто и стасала да ги фотографира за да може да ни го испрати овој едноставен рецепт за домашни Фереро бомбици кои се вистинска енергетска бомба. Само не претерувајте, доста е да изедете 1-2.

Инаку, оваа скопјанка е позната по своите изработки на декоративни предмети, а и по декорирањето на трпезите на кои им посветува дури и повеќе внимание отколку на подготвувањето на храната, па кога ќе седнете на таква трпеза, едноставно ви е жал да посегнете по нешто за да не го расипете впечатокот.






Ама тоа не значи дека храната не е вкусна, туку дека ѝ треба помалку време да ја подготви храната, а повеќе за да ја аранжира. Признава дека повеќе ужива во вториот дел.

Рецептот побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини