ФЕКАЛИИ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ПЛИВААТ ВО МОРЕТО Хрватска плажа забранета за капење
Поради висок степен на загаденост, не се препорачува капење на плажата Марекс во центарот на Задар - информираа надлежните служби.
Хрватското приморје важи за една од најатрактивните туристички дестинации, но некои од плажите препорачливо е да се заобиколат. На плажата Мерекс во Задар во морето пливаат фекалии од канализацијата, а поради големата загаденост плажата е забранета за капење.
„Поради висок степен на загаденост, не се препорачува капење на плажата Марекс во центарот на Задар до понатамошно известување“ – соопшти денеска Управниот оддел за просторно планирање, заштита на животната средина и комунални работи на Задарската жупанија, пренесуваат хрватските медиуми.
Препораката е издадена врз основа на извештај од Институтот за јавно здравје во Задар поради краткотрајно загадување на морето. Градскиот институт ќе го следи квалитетот на морето и ќе ја информира јавноста за крајот на загадувањето на морето, се вели во соопштението.
Неофицијално се дознава дека загадувањето е предизвикано од излевање на фекалии од канализацијата, пренесува порталот Индекс.