ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА НОВО ПРАВИЛО Снимките од преносите во живо ќе имаат рок на траење

Компанијата објави дека, првично, ќе им даде на корисниците 90 дена да одлучат што сакаат да прават со нивните стари снимки пред тие трајно да бидат избришани. Има неколку опции.

345

Фејсбук најави дека од оваа седмица ќе ги промени правилата за зачувување снимки од пренос во живо (LifeStream). Имено, наместо неограничено време на задржување, сите видеа во живо автоматски ќе се избришат по 30 дена. Оваа промена ќе влијае на сите корисници кои некогаш снимиле видео во живо на платформата.

Компанијата објави дека, првично, ќе им даде на корисниците 90 дена да одлучат што сакаат да прават со нивните стари снимки пред тие трајно да бидат избришани. Има неколку опции.






Ќе може, на пр., да се преземе снимката на личен уред, да се префрли во облак како „Гугл драјв“ (Google Drive) или „Дропбокс“ (Dropbox), или пак, да се претвори во кус „видеоролна“ формат и така да остане на личниот профил.

Фејсбук ќе го поедностави процесот на зачувување стари снимки во живо. Така, корисниците ќе добијат известување за преземање на сите такви лични видеа.

Покрај тоа, ќе може директно и полесно да се префрлаат снимки на поврзаните облак-услуги, што е особено корисно за оние со ограничен простор на нивните уреди. За оние корисници на кои им треба повеќе време, Фејсбук ќе понуди и опција за одложување на бришењето за дополнителни шест месеци.

Компанијата наведува дека оваа промена е во согласност со стандардите, потсетувајќи, на пр, дека нивниот главен конкурент „Твич“ (Twitch) чува снимки до 60 дена, за деловните соработници и другите партнери, и 14 дена за обичните корисници.

Поврзани содржини