ФАУЧИ ЛАЖЕШЕ, ЛУЃЕТО УМИРАА Маск повика да му се суди на главниот доктор за короната во САД

Што се однесува до Фаучи, тој го лажеше Конгресот и финансираше истражување за придобивките од функцијата што уби милиони луѓе, напиша Маск како одговор на еден критичар, додавајќи „по мое мислење ова воопшто не е кул“.

4,428

Извршниот директор на Тесла и Твитер, Илон Маск, предизвика бура на социјалните мрежи во неделата, откако предложи главниот човек за справување со короната во САД, д-р Ентони Фаучи да биде кривично гонет затоа што наводно лажел под заклетва за финансирањето на истражувањето во лабораторијата во Вухан во Кина, пишува Си-Би-Ес-Њуз.

Маск отпрвин објави едно меме, комична слика во која се гледа како главниот д-р Фаучи, инаку главен медицински советник во Белата куќа облечен како бабичка му шепоти на претседателот Џо Бајден.






„Само уште едно заклучување, кралу мој“, му вели Фаучи на Бајден.

 


Потоа Маск објасни зошто смета дека на Фаучи треба да му се суди.

„Што се однесува до Фаучи, тој го лажеше Конгресот и финансираше истражување за придобивките од функцијата што уби милиони луѓе“, напиша Маск како одговор на еден критичар, додавајќи „по мое мислење ова воопшто не е кул“.

 

Фаучи (81), кој планира да се пензионира до крајот на месецот, ја предводеше вакцинацијата во САД и решаваше за локдауните и за носењето маски. Но, набргу откако тој најави дека ќе се повлече од функцијата на главен медицински советник на Бајден, американскиот сенатор Ренд Пол побара од администрацијата на Бајден да ги зачува документите и пораките кои би можеле да станат докази во потенцијалната истрага.

„Оставката на Фаучи не треба да спречи целосна истрага за потеклото на пандемијата. Од него мора да се бара да сведочи под заклетва во врска со какви било дискусии во кои учествувал во врска со истекувањето на лабораторијата во Вухан. Неговата политика уништи животи“, напиша Пол на Твитер.

Сенаторот претходно го обвини Фаучи дека го насочувал јавното финансирање за истражување во лабораторијата во Вухан и дека лажел за тоа под заклетва во сведочењето во Конгресот. Овој вид истражување кое наводно било спроведено во Вухан, се вика „добивање на функција“. Тоа обично научниците го прават кога сакаат да ги променат гените на некој организам за тие да имаат некоја нова функција.

На пример, од таков тип беше експериментот со менување на гените на комарците со кој требаше комарците да бидат натерани да се самоуништат и така да се најде лек за маларијата. Во случајот со Вухан минатите години се пишуваше дека се работи за комуникација меѓу научници од САД и од Кина, а дека парите протекле преку невладина организација во САД. „Жената-лилјак“, истражувачка кој работеше во Вухан, беше мета на теории на заговор.

Тезата дека коронавирусот протекол од лабораторија ја популаризирашше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше доста гласен на Твитер пред да биде баниран. Кога Илон Маск го презеде Твитер, тој му понуди на Трамп да си го врати профилот, но Трамп одби.

Името на д-р Фаучи остана популарно на Твитер и моментално има 600.000 негови спомнувања, што го качи високо на списокот на теми кои се трендови на мрежата.

 

Поврзани содржини