ФАТЕН 83-ГОДИШЕН ВОЗАЧ! Возел 70 години без дозвола, полицијата шокирана (ФОТО)
Човекот кој претходно никогаш не бил запрен од полицијата, бил фатен по седум децении „незаконско“ возење. Прекршителот бил запрен минатата недела додека возел сино „Mini One“ во градот Булвел, во близина на Нотингем.
Британската полиција била шокирана кога фатила 83-годишен маж кој тврди дека вози без дозвола и секаков вид осигурување повеќе од 70 години.
Британецот, кој е роден во далечната 1938 година, тврди дека бил „илегалец“ зад волан уште од својата 12-та година.
Човекот кој претходно никогаш не бил запрен од полицијата, бил фатен по седум децении „незаконско“ возење. Прекршителот бил запрен минатата недела додека возел сино „Mini One“ во градот Булвел, во близина на Нотингем.
Во полиција изјавил дека е роден 1938 година и дека од својата 12-та година вози без никакви документи. За среќа, тој никогаш не доживеал несреќа, што укажува на тоа дека или морал да биде многу внимателен или имал навистина среќа зад воланот.
Шансите да возите по јавни патишта повеќе од 70 години и никогаш да не доживеете сообраќајна несреќа или да бидете запрени од полиција за контрола се навистина мали, особено кога зборуваме за самоук возач. Вистинско чудо е што полицијата никогаш не го проверила. Сепак, тој на крајот беше фатен.
Во својата објава на официјалната страница на Фејсбук, полицијата во Булвел ги предупреди граѓаните за овој случај: „Поради зголемениот број на сообраќајни камери во Нотингем и околината, дури и на кратки патувања веројатно ќе ве снимаат барем еднаш, затоа погрижете се документите се во ред, инаку дефинитивно ќе ве фатат – еден ден“.
Не знаеме што се случило со 83-годишникот, но евидентно е дека ќе мора да плати казна бидејќи никогаш не положил возачки испит и возел без осигурување. После седум децении можеби мислел дека може да стигне до крајот на возачката кариера без официјален документ, бидејќи покажал дека може безбедно да вози.