📽️ ФАЛА ИЛОНЕ ЗА САЈБЕР-ЅВЕРОТ Кадиров се сликаше со сајбер-камион „Тесла“ и митралез носејќи реденица од куршуми

Тој додаде дека возилото ќе биде преместено во рускиот Североисточен воен округ, каде што верува дека сајбер-камионот ќе биде многу баран поради своите карактеристики, пренесува РИА Новости.

732

Снимката од лидерот на руската Чеченска република Рамзан Кадиров како вози пикап Сајбертрак од компанијата „Тесла“ на кој е монтиран голем митралез го обиколи интернетот. Кадиров тврди дека возилото му го испратил лично милијардерот Илон Маск, сопственик на „Тесла“.

„Добив сајбер камион Тесла од почитуваниот Илон Маск. Со задоволство ја тестирав новата опрема и лично се уверив дека не случајно се нарекува сајбер ѕвер. Илон, ти благодарам. Дојди во Грозни, ќе те примим како мој најмил гостин“, напиша Кадиров на Телеграм.






 

Поврзани содржини