ФАФО ВОСПИТУВАЊЕТО Е ВО ТРЕНД, АМА ДАЛИ Е РЕАЛНО? Детето може да учи од грешките дури од 9-тата година

На „Тик-ток“ се шири нов тренд во воспитувањето на децата наречен „ФАФО родителство“. Станува збор за пристап кој ги поттикнува родителите да им дозволат на децата на сопствена кожа да ги искусат последиците од своите одлуки наместо постојано да ги штитат од секоја непријатност.

145

Акронимот ФАФО (FAFO) доаѓа од англискиот израз „Fuck Around and Find Out“, што слободно би се превело како „прави што сакаш, па ќе го видиш исходот“.

Основната идеја на ФАФО родителството е дека децата најдобро учат од природните последици на своите постапки. На пример, ако детето одбива да облече јакна иако е ладно, родителот може да му дозволи накратко да му застуди за да сфати зошто е потребна јакната. Слично е и со качувањето на столче – ако детето, и покрај предупредувањата, се качи и падне, искуството може поефикасно да го научи на претпазливост отколку стотина забрани.






Овој воспитен стил е спротивност на т.н. „хеликоптер-родителство“, во кое родителите се обидуваат да ги отстранат сите ризици и пречки од животот на детето. Иако самата филозофија не е нова, привлечното име ФАФО ѝ помогна да стане вирална на социјалните мрежи.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини