ЕВРОПА СЕ РАСПАЃА НА ИСТОК И ЗАПАД? Расколот го предизвикува вирусот на Орбан

Летоска, францускиот претседател емануел Макрон констатираше дека проблемите на ЕУ со дел од источноевропските земји-членки, нема да бидат решени со судски споровови, како што тоа се прави во случајот со унгарскиот премиер Орбан, туку дека проблемот е далеку подлабок. Макрон проблемот го окарактеризира како источно-западен раскол.

1,632

Започна (Виктор) Орбан, продолжи (Јарослав) Качински, а некои споредни играчи се обидуваат на секој чекор да ги имитираат и двајцата. Европската Унија има проблем со демагозите во своите редови, се вели во анализата објавена на Дојче веле.

Летоска, францускиот претседател емануел Макрон констатираше дека проблемите на ЕУ со дел од источноевропските земји-членки, нема да бидат решени со судски споровови, како што тоа се прави во случајот со унгарскиот премиер Орбан, туку дека проблемот е далеку подлабок. Макрон проблемот го окарактеризира како источно-западен раскол.






Дијагнозата на Макрон, беше докажана за време на посетата на новиот германски канцелар Олаф Шолц на Варшава. Тој во Полска беше дочекан со плакати, на кои тој и неговата претходничка Ангела Меркел беа ставени во ист ред со Адолф Хитлер и нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс. Во исто време, Полјаците ја прозваа Германија за непочитување на законот, бидејќи одбива да го плати обештетувањето од војната.

Некои аналитичари беа крајно загрижени и од Јанез Јанша, популистот од Словенија, кој како премиер на земјата го презема претседавањето со Советот на ЕУ. За Јанша Орбан е голем пријател, а тој самиот нема проблем да навредува новинари на социјалните мрежи. Тој пред извесно време предизвика голем сканда, кога судиите во Словенија ги нарече комунисти. Потоа Јанша јавно стави до знаење, дека Љубљана е на страната на Будимпешта во спорот со Брисел.

Неодамна во Чешка падна од власт Андреј Бабиш, што е доказ дека и популистите можат да загубат на избори, а во Бугарија конечно е формирана проевропска влада. Тоа на европските либерали им дава надеж дека можеби кризата во ЕУ наскоро ќе биде надмината, но во анализата се тврди токму спротивното, односно дека „вирусот Орбан“ сè уште се шири по континентот и дека неговиот концепт на христијанска демократија, е сериозна закана за либерната демократија.

Следниот голем тест за ЕУ, би можело да биде излегувањето на Полска од Унијата, што ќе биде втор голем удар по брегзит. Многумина се прашуваат дали воопшто ЕУ може да преживее на подолг рок, доколку од „друштвото“ излезе и една Полска, најголемата источноевропска земја во „семејството на европските народи“?

Поврзани содржини