ЕВРОПА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА И БЕЗ ХРАНА?! Лоши вести за Денот на Земјата
Атлантската меридијална превртена циркулација (АМОК) забавува побргу одошто се мислеше и се приближува до точка од која нема враќање, а последиците за целиот свет ќе бидат тешки и особено опасни за северната хемисфера, вели океанографот Стефан Рамсторф.
Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја кога ја славиме свесноста за климатските промени, но последиците од овој процес ќе ги почувствуваме побргу одошто се претпоставуваше.
Познатата струја, Атлантската меридијална превртена циркулација (АМОК), забавува побргу одошто се мислеше и се приближува до точка од која нема враќање, а последиците за целиот свет ќе бидат тешки и особено опасни за северната хемисфера, вели океанографот Стефан Рамсторф од Универзитетот во Потсдам и од Институтот за истражување на влијанието на климатските промени во Германија, а објавува српски Б92.
Доколку се случи колапс на АМОК, тоа ќе предизвика ненадејни промени во регионалните временски обрасци и во циклусот на водата. Тропскиот дождовен појас ќе се помести кон југ, африканските и азиските монсуни ќе ослабат, монсуните на јужната хемисфера ќе зајакнат, а врнежите во Европа ќе се намалат, што ќе доведе до пад на производството на храна во Европа.
Меѓу другото, според океанографот, може да се очекува дополнително покачување на нивото на морето, особено долж американскиот брег на Атлантикот, намалување на апсорпцијата на јаглерод диоксид во водите на океанот, значително намалување на снабдувањето со кислород во длабоките океански води и веројатен колапс на екосистемот во Северен Атлантик.
Why is no one taking any notice of AMOC – the worst news for UK industry, society and the state in the last 10,000 years?
Because when journalists talk about it they say:
“Shutdown could be catastrophic for Europe and other regions.”
What an utterly stupid comment -… pic.twitter.com/xbkK8TE5v0
— Roger Hallam (@RogerHallamCS21) April 15, 2024
AMOК е сложен систем, кој ги вклучува интеракциите на температурите, соленоста, дотокот на слатка вода и други фактори, а тоа имплицира дека може да има неколку пресвртни точки – АМОК е многу чувствителен на климатските промени, особено на ненадејните, дури и кога тие се краткотрајни бидејќи системот побавно се враќа во рамнотежа.
Северните поларни региони се загреваат побргу од другите делови на светот бидејќи топењето на мразот доведува до намалување на светлосните површини, кои ги рефлектираат сончевите зраци, и зголемување на темните површини на водата и на почвата кои ги апсорбираат зраците, а тоа доведува до голема количина вода која произлегува од топењето на глечерите на Гренланд и мразовите на Арктикот, а завршува во Атлантскиот Океан. Дополнителниот внес на свежа вода дополнително ја намалува и соленоста, а со тоа и густината на површинските води во Атлантикот, што го забавува нивното тонење и го ослабува движењето на длабоките води кон југ.
Рамсторф презентира низа студии кои укажуваат дека промените во АМОК се веќе започнати и дека се сериозни и реални. Една од тие последици е формирањето на студена точка во субполарниот, северен дел на Атлантскиот Океан.
– Додека целата земјина топка се загрева, субполарниот Северен Атлантик се лади. Ова е токму областа каде што AMOК го испорачува најголемиот дел од својата топлина и токму областа каде што климатските модели долго предвидуваа ладење како резултат на забавувањето на AMOК – вели Рамсторф.
Тој посочува дека ова студено место веќе влијае на временските услови иако не онака како што се очекува. Имено, студениот субполарен Северен Атлантик е во корелација со летните горештини во јужна Европа, а особено на Медитеранот.
Зошто? Ладењето на површината на морето е доволно за да влијае на распределбата на воздушниот притисок така што ќе го поттикне протокот на топол воздух од југ кон Европа.
Неколку студии исто така покажуваат дека ако AMOК ослабне, нивото на морето на североисточниот брег на САД нагло ќе се зголеми.
Научниците предупредуваат и дека целосното прекинување на AMOК ќе има катастрофални последици за човештвото и многу морски и копнени екосистеми.
Беа создадени и неколку модели, сценарија кои покажаа дека, во тој случај, ниските температури на воздухот ќе се шират и ќе ги опфатат Исланд, Британија и Скандинавија. Температурниот контраст помеѓу северна и јужна Европа ќе се зголеми за неверојатни 4 степени Целзиусови, што веројатно ќе има големо влијание врз временските услови, на пример, невидени бури.
Кога станува збор за врнежите, тоа би предизвикало суши во некои делови, во северните тропски предели на Америка, како и во Азија. Треба да се има предвид дека сезонските промени би биле уште поголеми од прикажаните годишни просеци.
Други симулации предвидуваат значително зголемување на зимските бури во Европа и нагло намалување на приносите на земјоделските култури и пасиштата таму. Но, како што е наведено, најзагрижувачки се движењето на тропските појаси за врнежи кон југ и општата суша во Европа.