ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЈУПИТЕР ПРЕКУ ТЕЛЕСКОПОТ ЏЕЈМС ВЕБ Новите снимки се прилично неверојатни (ФОТО)

Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена, изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.

123

Aмериканската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави слики од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.

фото: МИА

 






– Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно… Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена -изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.

Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на коишто има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.

Поврзани содржини