ЕВЕ КАДЕ МОЖАТ ДА ЗАВОЈУВААТ АМЕРИКА И РУСИЈА Два острови на 10 минути гледаат еден во друг
Парадоксот на овие два мини-острови покажува дека големите сили претпочитаат да војуваат на туѓа територија, на пример во Украина, на Блискиот Исток или во Тајванскиот теснец. И покрај сè, овие две копна оддалечени на 10 минути со брод се државна територија и никој не би сакал да ја извалка својата земја.
Два мали острови „на крајот од светот“, едниот на Русија, а другиот под територија на САД гледаат еден во друг на оддалеченост од 3,8 километри и чекаат да почне војната меѓу големите сили. Рускиот остров се вика Голем Диомед, а американскиот Мал Диомед, а разликата меѓу нив е 23 часа.

Токму така, Беринговиот проток е местото кај што за малку се допираат земјите на Путин и на Бајден, а бидејќи таму поминува и линијата на времето, едниот го викаат Остров Утре, а другиот Остров Вчера. Да не беше граничната служба која патролира, можеби никогаш немало да има луѓе на овие мали копна. Но затоа таму живеат моржови, ракови и поларни мечки.