ЕВЕ ГО ДЕСЕРТОТ КОЈ ПОБЕДИ МЕЃУ 5.000 РЕЦЕПТИ Избран официјалниот десерт за јубилејот на британската кралица

Швајцарскиот ролат со лимон и парчиња Амарети инспириран од менито од венчавката на кралицата е прогласен за официјален „Платинест пудинг“, победувајќи 5.000 ривали во конкуренцијата за пронаоѓање на нов официјален десерт.

1,079

„Швајцарскиот ролат со лимон и ‘Амарети’ – парчиња“ ќе биде официјалниот десерт за платинестата годишнина од владеењето на британската кралица Елизабета Втора. Таа слатка закуска победи на натпреварот за нов официјален десерт на свеченостите во Велика Британија.

Џема Мелвин ја направи тортата, инспирирана од коктелот со лимон послужен на свадбата на кралицата со принцот Филип во 1947 година. Тортата содржи слоеви кои почнуваат со швајцарски ролат од лимон одоздола, проследено со желе Сент Клемент, крем од лимон, бисквити амарети, сос од мандарина, шлаг, зашеќерена кора, парчиња чоколадо и скршени бисквити амарети одозгора.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини