„ЕУ КАКО ДА НАВИВА ЗА ПУТИН“ Британски Телеграф анализира дека може да се повтори сценариото од 2014 година

Западот сега се бори „за да го одбрани целиот сојуз на западни земји“, а неуспешната украинска офанзива ќе му даде охрабрување на Путин дека „како што и очекуваше кога првпат одлучи да ја нападне Украина, Западот нема апетит за борба со Русија“, пишува аналитичарот Кон Кафлин за британски „Телеграф“.

465

Загубата на клучниот град Авдиивка е горчлив и значаен удар за Украина, а градот важеше за упориште на украинските сили уште од војната на Крим од 2014 година, смета британскиот аналитичар Кон Кафлин. Во колумна за „Телеграф“ тој иронично вели дека со тоа што Европа доцни со испораките на оружје за Киев практично „навива“ рускиот претседател Владимир Путин да ја освои Украина слично како што беше тогаш.

Тој пишува:






„Украинските команданти со месеци предупредуваат дека акутниот недостиг на оружје, особено артилерија со долг дострел, витална за спречување на рускиот напредок, сериозно ја поткопува нивната способност да ја бранат линијата на фронтот долга 1.000 километри“.

Војната на Крим заврши со двата договори од Минск во 2014 и 2015 година со кои беше предвидено руските сепаратисти на Крим и во  јужните региони во Украина да добијат повеќе права и своја управа. Кога Русија ја нападна Украина во 2022 година, еден од аргументите беше дека договорите не биле исполнети иако за нив своевремено имаше меѓународна поддршка.

Алијансата е жалосно лошо подготвена

Кафлин го коментира огромниот недостиг на муниција за Украина, кој, според него, довел до оваа состојба. Тој исто така вели дека НАТО треба да извлече лекција од двегодишната војна која покажува дека „Алијансата останува жално лошо подготвена да се справи со егзистенцијалната закана што Москва ја претставува за нејзината идна безбедност“.

Тој прави разлика меѓу воената помош од САД и Велика Британија на почетокот на војната, која „придонела Киев да го издржи почетокот“ на окупацијата и ситуацијата сега. Кафлин ја спомнува заглавената помош за Украина во американскиот Конгрес но потсетува дека „уште еден клучен фактор е неможноста на сојузниците на Украина во Европа, вклучително и Британија, да го одржат снабдувањето со оружје на исто ниво како на почетокот на конфликтот“.

Со тек на време се издиша поддршката на Европа

Тој открива зошто со текот на времето опаднала доставата на оружје од Велика Британија велејќи дека истата приказна се повторува секаде низ Европа:

„Британските напори да обезбедат артилериски гранати од 155 милиметри на Украина, најбараната муниција во конфликтот, беа попречени од проблемите со производството, при што производителите на одбраната се борат да го надополнат недостатокот откако Британија испорача повеќе од 300.000 гранати“, пишува аналитичарот и додава:

„Годините на кратења на одбраната доведоа до намалени нарачки за снабдување со оружје, барајќи од клучните производители на оружје да ги намалат нивните производни линии. Експертите од индустријата проценуваат дека би можело да потрае неколку години за да се обнови производството во Обединетото Кралство до нивото потребно за одржување на голем конфликт во Европа против агресор како Русија“.

Со ова темпо Русија ќе победи

Додека „ЕУ неодамна призна дека ма да може да го исполни своето ветување да ѝ обезбеди на Украина 1 милион артилериски гранати до март, поради недостаток на производствен капацитет“, вели тој, во Русија трошоците за одбрана достигнале околу 7,5 отсто од бруто домашниот производ.

Потоа тој спомнува дека авионите Ф-16 наменети за Украина не само што доцнат, туку и дека процените се дека украинските пилоти ќе ги летаат овие авиони најрано на крајот на годината.

„Со ова темпо, и со оглед на неодамнешниот напредок на Москва на бојното поле, војната би можела да биде завршена во корист на Русија долго пред ова витално западно вооружување да забележи акција, перспектива што треба да ги наполни европските лидери со тревога“, дециден е Кафлин.

Тој вели дека Западот сега се бори „за да го одбрани целиот сојуз на западни земји“, а дека неуспешната украинска офанзива ќе му даде охрабрување на Путин дека „како што и очекуваше кога првпат одлучи да ја нападне Украина, Западот нема апетит за борба со Русија“.

 

Поврзани содржини