📽 ЕРОТСКИ ТАНЦ НА ПОКРИВ НА ГРАДСКИ АВТОБУС Граѓаните на Киров импресионирани, полицајците и пожарникарите немилосрдни
Непозната млада девојка во понеделникот шокираше многу граѓани на рускиот град Киров со еротски настап на покривот на градски автобус.
Девојката се соблекла гола на една од автобуските постојки, а потоа се качила на покривот на возилото и почнала да изведува гимнастички пози.
Во меѓувреме, дошле полицајци и пожарникари, кои немале многу разбирање за уметничкиот перформанс на голата девојка.
Таа била отстранета од покривот на автобусот, а дошле и лекари кои ја одвеле девојката во болница за да ја прегледаат.
Граѓаните на Киров имаа можност да го снимат овој ексклузивен настан. На овие линкови се дел од снимките, кои сепак не се за лица помлади од 18 години: