ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН СЕ ВИСТИНСКА МИСТЕРИЈА Еве како изгледаат и со што се занимаваат (ФОТО)
Во биографијата на Владимир Путин стои дека тој бил во брак само со Људмила Путин од 1983 до 2013 година. Во тој брак парот имал две ќерки Катeрина и Марија.
Владимир Путин може да се покаже во милион улоги. Како изгледа без маица, јава коњи, лови риби… Сето тоа ќе биде фотографирано и евидентирано. Но, кога се во прашање децата, тој станува многу молчелив.
Во биографијата на Владимир Путин стои дека тој бил во брак само со Људмила Путин од 1983 до 2013 година. Во тој брак парот имал две ќерки Катeрина и Марија.
Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Екатерина или Катарина е родена во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму во текот на ангажманот на нејзиниот татко во КГБ. И двете девојчиња ги добиле имињата на нивните баби. Прекарот на Марија е Маша, а на Катарина – Катја.
Maria Vorontsova aka Mariya Vladimirovna Putina born Apr-28-1985 aka Maria Faassen is a pediatric endocrinologist and the eldest daughter of Russian President Vladimir Putin. pic.twitter.com/wBeRBb7Jlu
— Freddie Saxon (@WordsmithSaxon) February 26, 2022
Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Тие, наводно, биле избркани од училиште кога Путин станал в.д. претседател, а наставниците ги школувале дома.
„Не сите татковци ги сакаат своите деца како што тој ги сака своите девојчиња“, напишала Људмила на веб-страницата на Владата на Путин. „Тој ги разгалуваше додека јас бев таа којашто мораше да ги дисциплинира.
Инаку, Марија студирала биологија на универзитетот и посетувала медицинско училиште во Москва, додека Катерина дипломирала азиски студии на колеџ. И двете девојки студирале под лажен идентитет.
Марија има 36 години и работи како медицински истражувач во Москва и живее со нејзиниот сопруг Јорит Фасен. Марија и Јорит наводно имаат едно дете.

Од друга страна, Катерина живее во луксуз и стекнува богатство. Денес, таа има 35 години и е искусна акробатска танчарка, но има и висока позиција на Московскиот државен универзитет, предводи нова старт-ап компанија вредна 1,7 милијарди долари.
Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година.Сепак, парот се развел во 2018. Разводниот процес открил дека заедничкиот имот вреди дури две милијарди долари.
И на крајот, се зборува дека Путин има трета ќерка, но и синови близнаци со неговата девојка, руската ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева. Откако престана да се занимава со гимнастика, Алина стана пратеник во партијата на Путин, Единствена Русија.

Нејзина мајка е Светлана Кривоногих, поранешна хигиеничарка, а сега милионерка која поседува бројни луксузни имоти во Москва, Санкт Петербург и Сочи.
Фотографии од оваа тинејџерка кружат низ светските медиуми и на социјалните мрежи, а се коментира дека многу личи на рускиот претседател.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Твитер