ЃЕРДАНИ КОИ ШТИТАТ ОД 5Г-МРЕЖАТА СЕ НОВАТА МОДА Холандија ги забрани, еве зошто
Лоши вести за рамноземјашите, антиваксерите и за теоретичарите на заговори: овие производи содржат радиоактивни материјали, а тоа го потврдила холандската Управа за нуклеарна безбедност и заштита од радијација.
Украсни ѓердани кои наводно штитат од 5Г-мрежата носат луѓето низ светот, а новата мода ја прекина владата на Холандија која ги забрани овие дребулии поради тоа што се радиоактивни, пишува ИФЛ Наука. Лоши вести за рамноземјашите, антиваксерите и за теоретичарите на заговори: овие производи содржат радиоактивни материјали, а тоа го потврдила холандската Управа за нуклеарна безбедност и заштита од радијација.
Меѓу забранетите производи се и друг накит и една маска за спиење која наводно зрачи негативни јони.
„Студијата нарачана од АНВС спроведена од холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (RIVM) откри дека овие специфични производи испуштаат јонизирачко зрачење. Нивото на измерено зрачење е ниско, а ризикот од здравствени проблеми е исто така низок. Сепак, не може целосно да се исклучи дека постојаното носење на овие производи на подолг период може да се покаже штетно за вашето здравје на долг рок“, се вели во соопштението на веб-страницата на АНВС.
People who wear “anti-5G” pendants to “protect” themselves from radio frequencies emitted by phone masts have been told by the Dutch nuclear authority that their necklaces are dangerously radioactive: https://t.co/9FFnpyvnO0
— Charlie Stross (@cstross) December 17, 2021
Тука треба да се каже дека радиоактивните материјали не се лоши или опасни сами по себе. Бананите, на пример, се радиоактивни, а исто така и ние луѓето, со самото тоа што дишеме, јадеме и пиеме во свет кој е по малку радиоактивен. Но, пресуден фактор е дозата. Токму тоа го испитувале од АНВС за да ја откријат штетноста.
Од друга страна, најголемата студија која ги истражува здравствените ефекти на 5Г-мрежата покажа дека таа е безбедна. Сепак, заговорите и понатаму се шират.
Теоретичарите на заговор против 5Г најдоа плодна почва во антиваксерските заедници и сега го поврзуваат инсталирањето на новата мрежа со корона-пандемијата, а и со вакцините. Во мај 2020 година, во Велика Британија беа нападнати телекомуникациските работници кои местеле 5Г-мрежа, а кулите за 5Г биле запалени откако се проширила приказна на социјалните мрежи.