ЕМИР КУСТУРИЦА СТАНУВА ДИРЕКТОР ВО РУСИЈА Ќе го води Централниот воен театар на руската армија
Познатиот режисер се надева дека од филмското платно ќе пренесе некои од неговите филмови на театарската сцена.
Познатиот режисер Емир Кустурица објави дека ја прифатил понудата која му ја упатил рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да застане на чело на Централниот воен театар на руската армија. Воениот театар во Русија има долга традиција и големо значење во сферата на културата во Русија.
Според плановите на познатиот режисер во план се дел од неговите најпознати дела од филмските платна да се преселат на театарските даски. Па така се очекува дека набрзо публиката ќе може да ужива во претставата „Животот е чудо“.
Кустурица изјавил дека ова за него е големо признание и чест и дека во свет кој брзо се менува ќе се обиде да ги зачува традиционалните вредности во овој театар.