🎥 ЕМ ЛЕБДИ, ЕМ НЕ ЗАГАДУВА По што е уникатен олимпискиот оган во Париз?

Палењето на олимпискиот оган, традиција на Олимпијадата уште од 1928 година во Амстердам, беше единствено за овогодинешниот настан, како што беше и остатокот од церемонијата.

2,092

Оддавајќи им почит на браќата Монголфие, котелот со олимпискиот „оган“, во Париз, првпат годинава ќе биде во воздух и целосно ќе биде запален со струја и со вода.

Следејќи го својот назив „Град на светлината“, Париз трепереше низ силен дожд синоќа додека церемонијата на отворањето на Олимписките игри се одржа за првпат надвор од стадион.






Но, додека светлосните претстави, пиротехниката и изведбите во живо покрај реката Сена заслепуваа, палењето на олимпискиот оган го освои целото внимание, објави порталот Еуро њуз.

Палењето на олимпискиот оган, традиција на Олимпијадата уште од 1928 година во Амстердам, годинава беше уникатно.

Во знак на поздрав до браќата Монтголфие, француските пионери на балонот со топол воздух чии први дизајни летнаа во 1783 година на истата локација, како и олимпискиот оган, дизајнерот на котелот за олимпискиот оган, Матје Леханер, создаде нешто што не е видено во историјата на Олимпијадата.

Запален од поранешните француски олимпијци, Мари-Жозе Перек и Теди Ринер, олимпискиот котел со пламенот нежно се издигна на ноќното небо.

Но, што е толку посебно во дизајнот на олимпискиот котел?

Традиционално, олимпискиот котел, во кој гори огнот, останува наземи, на видно место, обично на главниот стадион за време на Игрите.

Иновативниот дизајн на парискиот олимписки котел, во форма на балон со топол воздух, значи дека иако неговата локација е статична, самиот олимписки оган е сè друго освен статичен.

Организаторите велат дека во текот на денот, котелот бил приземјен во паркот Тиљерије, но во текот на вечерта бил врзан на своето место и се подигнал на 30 метри во воздух.

Самиот котел е висок 30 метри, што значи дека неговата највисока точка достигнува 60 метри од земјата. Околу неговата база има прстен со дијаметар од 7 метри што го симболизира братството, едно од трите вредности на Француската Република.

Дизајнот на олимпискиот оган во Париз 2024 година е многу различен од олимписките огнови во претходните игри по тоа што котелот се напојува со електрична енергија, а не со фосилни горива. Прстенот во основата на балонот содржи 40 ЛЕД светилки кои осветлуваат облак од водена пареа произведен од 200 млазници за замаглување под висок притисок за да го дадат ефектот на треперење и чад на вистински пламен… Што значи дека не станува збор за вистински пламен.

– Уникатниот котел го претставува духот што сакав да им го дадам на Олимписките и Параолимписките игри. Огнот што гори ќе биде направен од вода и од светлина, како студена оаза во срцето на летото. Светлечки, магичен и обединувачки, огнот ќе биде ноќе светилник, а дење сонце на дофат – рече креаторот Матје Леонар.

Благодарение на иновацијата на ЕДФ, огнот во Париз за првпат ќе биде 100% електричен.

Оваа електрична револуција беше можна благодарение на монументалната работа на тимот на дизајнерот Матје Леонар.

Доводот на струјата и на водата одат од земјата кон балонот.

 

 

Поврзани содржини