ЕЛИМИНИРА СТАТИЧНИ И ПОДВИЖНИ ЦЕЛИ ВО ЛЕТ Израелци направија дрон кој користи автоматски и снајперски пушки (ВИДЕО)

Оружјето е исклучително лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, кој му овозможува прецизно да погодува цели без разлика на брзината на дронот, објави компанијата.

397

Новото израелско оружје е исклучително лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, кој му овозможува прецизно да погодува цели без оглед на брзината на дронот.

Израелски производител на оружје разви роботско оружје кое користи автоматски и снајперски пушки за уништување статични и подвижни цели во текот на летот.






„SMASH Dragon“, дизајниран од израелската компанија „Smart Shooter“, може да се монтира на различни форми на беспилотни летала, како што се дронови, и може да погоди цели додека лебди над нив.

На системот може да се монтира јуришна или снајперска пушка, кој операторот го контролира со далечински управувач.

Оружјето е исклучително лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, кој му овозможува прецизно да погодува цели без разлика на брзината на дронот, објави компанијата.

Системот има софистицирани способности за компјутерска визија и може да работи дење и ноќе.

– „SMASH Dragon“ ги заврши успешните тестови за стрелање и е во напредна фаза на развој, но се уште не е во функција – објави компанијата „Smart Shooter“.

Системот ќе користи технологија „Smash 2000“ од истата компанија, која користи вградени алгоритми за таргетирање за прецизно следење и погодување цели. Технологијата беше искористена за соборување на беспилотни летала на Хамас и запаливи балони лансирани од појасот Газа, пишува „Jerusalem Post“.

„Smart Shooter“ со технологијата „SMASH“ нуди прецизно отстранување на заканите на копно, во воздух и на море, објаснува извршниот директор на „Smart Shooter“, Мајкл Мор.

– Среќни сме што можеме да ја понудиме истата прецизна технологија за гаѓање цел, докажана со битка, поставена на беспилотна воздушна платформа која може да се контролира од далечина, додаде Мор.

Тој напомена и дека е клучно системот да биде лесен, бидејќи тежината влијае на издржливоста на мисијата и на цената кога се во прашање беспилотните летала.

Поврзани содржини