„ЕЛЕКТРИЧЕН“, ГЕНИЈАЛЕН И ГЛАВЕН ВО ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР На денешен ден се роди Никола Тесла
Никола Тесла бил еден од најголемите изумители, визионер кој е најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот калем. За време на својот живот има преку 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци. Бил почесен доктор на петнаесет универзитети во Европа и во Америка.
На денешен ден се родил Никола Тесла, еден од најголемите изумители, визионер кој е најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот калем. За време на својот живот има преку 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци. Бил почесен доктор на петнаесет универзитети во Европа и во Америка. Тој се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом – САД.
Никола Тесла бил еден од најголемите изумители, визионер кој е најпознат по неговите придонеси во дизајнирањето на современите системи за напојување со наизменична струја и по Теслиниот калем. За време на својот живот има преку 300 патенти во целиот свет за своите пронајдоци. Бил почесен доктор на петнаесет универзитети во Европа и во Америка.
Тој е роден како етнички Србин во селото Смиљан, во рамките на Воената граница, во Австриската империја. Неговиот татко, Милутин Тесла бил свештеник на Источната православна црква. Тесла подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД.
Кои се откритијата на Никола Тесла?
Никола Тесла остана запаментен по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.
По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.
Неговата работа е основа за модерното инженерство
Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура.
Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, јадрената и теориската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото.
Псевдонаучни верувања и теории на заговор
Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат верувања во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и во полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат “човекот што го измисли дваесеттиот век” и “светецот-заштитник на модерниот електрицитет“. Тој честопати е предмет на разни теории на заговор.
Смртта на Тесла и неговото наследство
Трошејќи поголем дел од своите пари, Тесла живеел во разни хотели во Њујорк. На 7 јануари 1943 година, на 86-годишна возраст, починал сам во собата 3327 од хотелот Њујоркер.
На 10 јануари 1943 година, градоначалникот на Њујорк, Фиорело Ла Гвардија, прочитал проштален говор, напишана од словенечко-американскиот автор Луис Адамиќ, во живо, преку радио, додека во заднина се слушале виолински сегменти од Аве Марија и Тамо далеко. На 12 јануари, две илјади лица присуствувале на државниот погреб за Тесла во Соборниот храм Свети Јован Богослов во Менхетен. По погребот, телото на Тесла било однесено на гробиштата Фернклиф во Ардсли, Њујорк, каде што подоцна било кремирано.
Во 1952 година, под притисок на внукот од сестра на Тесла, Сава Косановиќ (кој бил југословенски дипломат во Вашингтон по Втората светска војна), целиот имот на Тесла бил испратен во Белград. Во 1957 година, била транспортирана и урната со пепелта на Тесла, од САД во Белград. Пепелта е сместена во позлатена сфера, на мермерен постамент во Mузејот Никола Тесла во Белград.
Делото на Тесла паднало во релативен заборав по неговата смрт сè до 1960 година кога Генералната конференција за тежини и мерки ја именувала SI единицата за густина на магнетниот флукс „Тесла“, во негова чест.
Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.