ЕКРАНИТЕ И БЕБЕТО СЕ МНОГУ ЛОША КОМБИНАЦИЈА Дури и кога е вклучен во позадина, телевизорот влијае негативно на развојот на бебето
Вклучениот телевизор во позадина влијае на развојот на детето, штетно е за развојот на говорот, а влијае и на развојот на мозокот и интелигенцијата кај децата
Знаеме дека од првиот ден, бебињата имаат голема корист од тоа да им се зборува, да им се чита на глас, па дури и да им се пее за да го научат говорот. Но, модерното родителство исто така значи дека родителите се позафатени од кога било, што ги става во искушение да го препуштат детето на влијанието од екраните.
Многу од нив се во дилема дали телевизорот или другите екрани се безбедна опција за бебињата да слушаат и да го учат говорот додека ние правиме нешто друго низ куќата. Еве што велат експертите.
Бучавата во позадина е штетна за учењето на говорот
Американската академија за педијатрија (AAP) препорачува децата под 2 години воопшто да не гледаат телевизија. Но, да бидеме реални, понекогаш мора да вклучите цртани филмови или детски канал со детски песнички додека се обидувате да зготвите ручек, даги исперете алиштата или да го смирите неутешното расплакано дете. Иако многу родители имаат некаква претстава дека гледањето телевизија не е добро, повеќето не се свесни за негативните ефекти што таа може да ги има врз малите деца кога станува збор за зборувањето, особено кога телевизорот се слуша како позадинска бучава.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.