ЕФИКАСНА КОМБИНАЦИЈА НА ЛЕКОВИ ЗА КОВИД-19 СЕ ТЕСТИРА ВО БУГАРИЈА Евтино, достапно и дава одлични резултати!

Комбинацијата на инхалиран бромексин и колхицин, администрирана на амбулантска основа, практично ги елиминира компликациите и приемот во болница, тврди бугарскиот академик Ванчо Митев.

4,769

Бромексин и колхицин се новите лекови што би можеле да бидат воведени во третманот на болните од ковид-19 во Бугарија. Академикот Ванчо Митев во бугарските медиуми изјави дека овие два лека, кои се евтини и лесно допстапни, можат значајно да го подобрат лекувањето на болните од опаката болест.

Митев тесно соработува со дел од тимот на ковид-болницата Александровска. Како биохемичар, ги проучува молекуларните механизми на болеста и постојано разменува информации со дотичните колеги.






– Пред една година, претпоставив дека бромексинот може да биде многу корисен во превенцијата и лекувањето на ковид-19. Овој евтин и безопасен лек ja блокира пенетрацијата на вирусот во клетката, со инхибиција на површинската протеаза потребна за инфекција. Препорачав да се зема профилактички во пропишаните дози и една година подоцна можам со сигурност да кажам дека многу луѓе се заштитиле од болеста или полесно ја совладале. Меѓутоа, кога се користи како пилула, лекот не е многу ефикасен, како што е опишано во светската литература. Кога колегите од болницата Александровска почнаа да го користат со вдишување, ефектот беше запрепастувачки – вели Митев.

Другиот фаворит е лекот колхицин. Овој антиинфламаторен лек, познат повеќе од 3.500 години, познат како анти-гихт, го привлече вниманието на многу истражувачи и беа спроведени голем број клинички испитувања со спротивставени, прилично негативни резултати.

– Кога се распрашував за употребените дози, бев изненаден кога открив дека на никој не му текнало да проба повисоки. Колегите од болницата Александровска долго време користат двојно повисоки дози за одржување (2 mg/ден), а оптоварувачките дози првично се по килограм на тежина. Комбинацијата на инхалиран бромексин и колхицин. администриран на амбулантска основа, практично ги елиминира компликациите и приемот во болница. Колхицинот е исто така евтин лек. Несаканите ефекти (гадење и дијареа) се слични на Paxlovid и достигнуваат 30-40%, но не се драматични, за разлика од лековитото дејство. Во моментов на овој начин интензивно собираме податоци од амбулантски пациенти за да ги објавиме. Излегува дека со два добро познати лека, а многу евтини, се постигнува подобар ефект од лековите на Фајзер и Мерк за амбулантско. третман на ковид-19. Звучи дури и дрско, но повеќе од една година ова го кажувам без сомнение – вели Митев.

Како што неодамна објави Плусинфо, Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравсатво на Грција го вклучи лекот колхицин во протоколот за третман на ковид-19 во Грција. Терапијата со колхицин е за пациенти позитивни на ковид-19 постари од 60 години, без оглед дали имаат претходни заболувања и за пациенти на возраст од 18 до 60 години со барем една болест или температура повисока од 38 степени.

Според информациите од Министерството за здравство на Грција, колхицинот ќе се дава во форма на апче и само со рецепт, а е безбеден и тестиран лек во повеќе болести и ја намалува воспалителната реакција на организмот.

Одлуката на надлежната комисија доаѓа откако биле разгледани неодамнешните научни податоци и по резултатите објавени од канадското истражување за терапијата со колхицин кај пациенти со ковид-19, според кои има намалување за 44 отсто на смртноста, 25 отсто на хоспитализација и 50 проценти на потребата за интубација.

Според нашите информации, двата лека се достапни на пазарот во Македонија. Од познати причини, нивните комерцијални имиња не можеме да ги соопштиме.

Погледнете го интервјуто со академик Ванчо Митев, во кое тој ги коментира актуелните терапии за болеста ковид-19:

 

Поврзани содржини