ЕФЕКТОТ ДАНИНГ-КРУГЕР Сите се преценуваме за нешто, не само „глупавите“

Може да имате висок коефициент на интелигенција, да знаете сè што треба да знаете за неврохирургијата, да имате нула хендикеп во вашата игра голф и да готвите лоши лазањи, а сепак да бидете предмет на ефектот Данинг-Кругер кога разговарате за домашната политика. Ќе се прецените себеси во она поле во кое реално не сте стручни.

268

Проблемот со светот е што глупавите се полни со самодоверба, а бистрите со сомнежи. Вака гласи познатата реченица на филозофот Бертранд Расел, која многумина ја поврзуваат со Данинг-Кругеровиот ефект. Но, дали точно знаеме што претставува овој феномен? Според статија на НаученАларм не се работи за црно-бела поделба на глупави и паметни луѓе.

Именуван е по  американските социјални психолози Дејвид Данинг и Џастин Кругер, кои од доцните 1990-ти спроведоа серија истражувања за човековата пособност да се оценува себеси. Да ги оценува сопствените перформанси при различни задачи како што се логичното расудување, граматиката, емоционалната интелигенција или смислата за хумор.






Другите знаеме да ги процениме, себеси не баш

Според нивните резултати, сите ние ја преценуваме нашата способност да успееме во одредени задачи кога нашата вистинска вештина во тоа поле е релативно ниска. Но, од друга страна, кога нашата вештина е висока, тогаш се потценуваме себеси дека успешно ќе ја завршиме задачата.

Оваа тенденција за преценување, открија Данинг и Кругер, не произлегува од погрешната проценка на туѓите способности, туку поради недостаток на увид во нашите. Со подобрување на нашата способност да судиме за точноста на информациите, можеме подобро да го процениме сопственото знаење и посигурно да ги процениме сопствените способности.

На сите им се случува, не само на глупавите

Истражувањето на Данинг и Кругер не ги опфаќа само „неспособните“ или „глупавите“. Всушност, тоа се однесува за сите луѓе. Може да имате висок коефициент на интелигенција, да знаете сè што треба да знаете за неврохирургијата, да имате нула хендикеп во вашата игра голф и да готвите лоши лазањи, а сепак да бидете предмет на ефектот Данинг-Кругер кога разговарате за домашната политика. Ќе се прецените себеси во она поле во кое реално не сте стручни.

Можно е ефектот да не е ни реален?

Неодамнешните истраги за методот што го користеле Данинг и Кругер за да ги анализираат нивните податоци, креваат сомнение во целата работа. Научниците веруваат дека ефектот може да биде резултат на статистичка грешка. Поточно речено, вештачки добиена статистика.

Било забележано дека податоците на Данинг и Кругер како цело време да целат кон средната вредност, односно се однесуваат за најголемиот број на „средно вешти“ луѓе. Ова може да биде последица од случајното и повторно земање примероци, но и од вештачкото стварање на категории на „невешт човек, средновешт човек и многу вешт човек“ во самото истражување.

Уф, ни олесна. Можеби Данинг-Кругеровиот ефект е само измислица? Дури и тоа да се покаже како точно, не е на одмет да знаеме дека кога не знаеме нешто, имаме тенденција да сме пресамоуверени. Ништо страшно, на сите им се случува, не само на „глупавите“.

Поврзани содржини