ЕДНО ЗАПЧЕ, ДВЕ, ТРИ, НЕ Е ВАЖНО, МОРА ДА СЕ МИЈАТ Како миењето заби да стане забавна активност за најмалите?

Иако според препораките на стоматолозите и педијатрите, треба да им се мијат забите на децата дури и ако е тоа само едно, две или три запчиња, кога ќе се појават повеќе заби и кога бебињата ќе почнат да јадат цврста храна, миењето заби станува активност што не треба да се прескокнува.

14

Препораката на стоматолозите и педијатрите е да ги миете забите на детето штом ќе почнат да растат. Дури и еден млечен заб може да се мие додека не излезат другите. На почетокот, кратко миење е доволно бидејќи бебињата на кои им никнале заби честопати сè уште не јадат цврста храна.
Меѓутоа, кога ќе се појават повеќе заби и бебињата ќе почнат да јадат цврста храна, што не е млечна, миењето заби станува активност што не треба да се прескокнува. Сепак, како што децата растат, оваа активност е често една од најомразените.
Како и со сè друго – миењето заби е нешто што на крајот ќе стане навика што децата ќе ја стекнат, а дотогаш, можете да направите многу за оваа активност да не биде толку „страшна“:

Миење заби како забавен ритуал – обидете се секогаш да ги миете забите на вашето дете во исто/слично време и во исти/слични услови. На овој начин, миењето заби ќе стане рутина побрзо, што ќе го направи детето помалку склоно кон жалби и ќе му биде полесно да се навикне тоа да биде задолжителен дел од неговите секојдневни активности.






Дополнително – обидете се да го направите миењето на забите забавно – навечер можете да раскажувате за сè што сте направиле во текот на денот или секогаш кога ги миете забите, да ја пуштите вашата омилена музика.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини