ЕДИНСТВЕНОТО КАФУЛЕ ВО КОЕ 10 ГОДИНИ НЕМА МУЗИКА, АМА ИМА ПЕЕЊЕ Сопственикот е одличен готвач, баритон во хор, актер-аматер,…

Кафе-барот Марин во градот Хвар е единственото кафуле во кое не се пушта музика веќе 10 години, ама многу често локалните гости знаат да запеат и да направат вистинска забава за себе, а за гостите, вистинско шоу. Неговиот сопственик Маринко Јуриќ по професија е инженер по бродска електроника и енергетика, одличен готвач, актер-аматер, баритон во хор, трубач во оркестар и страствен риболовец.

1,153

Газдата на кафе-барот „Марин“ во Хвар, господин Маринко Јуриќ е принципиелен во секој поглед, а особено кога станува збор за спорот кој го имал со хрватскиот ЗАМП (здружение за заштита на авторските права), после кој ја укинал музиката во своето кафуле.

„Со ЗАМП имавме некои препирки и јас од протест престанав со музика и тоа воопшто не се одрази на мојата работа. По закон музиката и онака не смее да се слуша надвор од локалот, а тоа, како што слушате и сами очигледно никој не го почитува, па јас решив да го почитувам законот. Тука луѓето не доаѓаат заради музиката, туку заради добрите вибрации, љубезниот персонал, доброто кафе и доброто вино. Еден пријател од Словенија ни стави и ново име, па не вика Канцона бар. Тоа е затоа што многу често локалните гости заедно со мене, знаеме да запееме и така да си направиме забава за себе, а и за гостите“, објаснува господин Маринко.






Инаку, овој наш нов пријател по професија е инженер по бродска електроника и енергетика, па додека работел во професијата, пловел на брод. Роден е пред 63 години во куќата каде што е и кафулето, па со оглед на тоа што не плаќа наем, вели, работи цела година. Тој е и одличен готвач, актер-аматер, баритон во хор, трубач во оркестар и страствен риболовец.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини