ЕДИНСТВЕНАТА ЗЕМЈА, ПОКРАЈ ВАТИКАН, ВО КОЈА РАЗВОДОТ Е НЕЗАКОНСКИ Жена која била малтретирана и двапати се обидела да се убие, веќе 10 години се бори со законот
Тие навистина веруваат дека она што Бог го споил не може да се раздели. Навистина? Дури и ако сопругот се обидел да те убие и после сè што направил, разводот не е дозволен?, прашува Сибонга, жена од Филипините чија приказна ја пренесе порталот Филстар Глобал (Philstar Global) и која повеќе од 10 години се обидува да го поништи бракот на кој ја присилиле родителите откако останала бремена.
Неверојатна природа, околу седум илјади острови, од 120 до 180 различни јазици, островот Камигуин кој има повеќе вулкани (седум) отколку градови (пет), секој ден по најмалку 20 земјотреси (за среќа слаби)… Сето тоа се неверојатни факти за Филипините, а меѓу нив е и фактот дека оваа католичка земја е единствена на светот покрај Ватикан, во која разводот не е легализиран.
Попрецизно, оние кои сакаат развод можат да побараат од судот да го поништи бракот или да го прогласи за ништовен, но постапката е скапа, исклучително долготрајна, а најлошо од се, надлежните можат да ја обжалат одлуката за поништување или ништовност!
Целиот текст прочитајте го ТУКА.