📽️ ЕДЕН МОЌЕН ЛИДЕР ОД АЗИЈА ЈА ПРОПУШТИ ПАРАДАТА НА НОВИОТ ПОРЕДОК Моди се поздрави со Џинпинг, но има поголеми грижи?
Двата азиски гиганти сè уште имаат многу основни прашања што треба да ги решат. Кина и Индија имаат високи царини една кон друга во многу сектори. Индија е исто така претпазлива поради својот трговски дефицит од 99 милијарди долари со Кина. Според Би-Би-Си, присуството на воената парада во Кина би било автогол за Моди.
Индискиот премиер Нарендра Моди не присуствуваше на воената парада во Пекинг, и покрај тоа што беше во Кина пред само два дена со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Нивните топли поздрави станаа вирални на социјалните медиуми, што некои го сметаат за знак на нов светски поредок кој не зависи од Вашингтон.
Но, и покрај целата интимност, Моди не беше на воената парада. Многумина очекуваа Моди повторно да се сретне со Си и со Путин на парадата, но реалноста е многу покомплицирана, забележува Би-Би-Си.
Царините од 50 проценти на Трамп за Индија, кои вклучуваат казна од 25 проценти за одбивањето на Делхи да престане да купува нафта од Русија, ги поттикнаа, па дури и ги забрзаа тековните мировни разговори меѓу Пекинг и Делхи.
Но, двата азиски гиганти сè уште имаат многу основни прашања што треба да ги решат. Кина и Индија имаат високи царини една кон друга во многу сектори. Индија е исто така претпазлива поради својот трговски дефицит од 99 милијарди долари со Кина.
BREAKING: Modi pulls Putin and Xi together, locking hands in a show of unity at China’s SCO summit pic.twitter.com/fTeRy5tSid
— RT (@RT_com) September 1, 2025
Исто така, јавното расположение кон Кина нагло се влоши во Индија по судирот меѓу нивните трупи во долината Галван во 2020 година. Би-Би-Си анализира дека е прерано Индија и Кина да почнат да ја ценат меѓусебната воена моќ.
„Индија, исто така, лекува свежи рани. Делхи изрази загриженост дека оружјето што го користеше Пакистан во летните судири доаѓаше главно од Пекинг. По зачудувачкото отфрлање на ‘пријателот од доверба’ Доналд Трамп, во индиските медиуми се појавија коментари за развивање поблиски врски со Пекинг, кои наидоа на одобрување од многу Индијци“, се вели во статијата.
Според Би-Би-Си, присуството на воената парада во Кина би било автогол за Моди.
Најголемите ѕвезди на воената парада во Пекинг беа рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Од Запад дојдоа само двајца лидери, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.