НЕ СЕ САМО АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ, ТУКУ СИТЕ ПРОФЕСИИ? Вештачката интелигенција ќе преполови цели сектори во Европа и САД

На удар се сите од високоризичните професии, но и архитектите, инженерите, банкарите, административците. Ќе куртулат само европските занаетчии и занаетчиски бизниси со 4 проценти одмена на работното место.

429

И до половина од работните места во разни области во САД и во Европа би можела да ги замени Вештачката интелигенција(ВИ) особено со појавата на Чат ГПТ, сугерира нова студија на американската банка Голдман Сакс. Не се работи само за административните професии, туку и за дел од инженерските, па дури и банкарскиот сектор.

На глобално ниво и до 300 милиони работни места можат да исчезнат, односно да се заменат. За споредба, тоа е приближно колку целата популација на САД или 60 отсто од популацијата на Европа.






Веорјатноста за смена ќе биде најголема во ризичните професии, како на пример, градежен работник, ВИ може да замени меѓу 25 и 50 отсто од вработените, заклучиле аналитичарите.

Во САД, најголем дел од работните места кои најбрзо би можеле да се автоматизираат се во административните активности за поддршка во приватниот и јавниот сектор (46 проценти), правните (44 проценти), а потоа следат позициите во архитектурата и инженерските активности (37 проценти). Во финансискиот бизнис сектор, според експертите на Голдман Сакс, може да се заменат 35 отсто од работните места.

Податоците за Европа даваат слична слика. Најпогодени од вештачката интелигенција може да бидат работните позиции во помошни административни активности (45 проценти).

Ќе куртулат само европските занаетчии и занаетчиски бизниси со 4 проценти одмена на работното место.

Студијата дури вели дека, потенцијално, може да се најде замена и за две третини од вкупните работни места во светот.

Поврзани содржини