Е МОЈ ДОНАЛД, ЗА 90 СЕКУНДИ СЕКС И ТОА САМО ВО ЕДНА ПОЗА! Ќе стане ли Трамп првиот уапсен американски претседател?

Не е проблем сексот со една порно актерка, за кој и таа вели дека не бил ништо посебно. Не е проблем кризата во бракот со Меланија. Не се проблем ни оние 130.000 долари поткуп. Еве за што, всушност, ќе заглави Трамп. Ако заглави...

16,376

Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен?

Можеби уште денеска, вторник, 21 март?






Ова прашање одекнува во американската јавност откако поранешниот претседател за време на викендот објави дека во вторник ќе биде лишен од слобода. Трамп очекува њујоршките обвинители да поднесат обвиненија против него во случајот поврзан со наводни финансиски малверзации во кампањата во 2016 година.

Нешто слабо демонстранти…

Медиумите јавуваат дека постои голема веројатност обвинителството да покрене обвинение против Трамп за таканаречениот случај „Сторми Даниелс“. Доколку тоа се случи, тоа ќе има големи политички последици, анализира Си-Ен-Ен.

Поранешниот лидер на САД веднаш ги повика своите гласачи на протест. Првите информации се дека протестот не е посетен. Повеќе новинари од демонстранти, напиша некој на Твитер. Но, не значи дека ќе биде така и ако го уапсат човекот кој ја направи Америка „повторно голема“.

Трамп би бил првиот поранешен претседател и првиот претседателски кандидат на кој му се суди за кривично дело.

„Гардијан“ пишува дека адвокатите на поранешниот претседател серизоно ја подготвуваат одбраната и размислуваат дали Трамп треба физички да се појави во судницата, или да бара да сведочи од далечина.

Опасна финансиска измама

Иако против Трамп се водат неколку истраги, вклучително и за посериозни кривични дела, се чини дека њујоршките обвинители се најблиски до обвинението. Станува збор за случајот со порно актерката Сторми Даниелс, која тврдеше дека била во врска со Трамп.

Ова не е нов случај. Уште тогаш се знаеше дека републиканскиот кандидат му наложил на својот адвокат Мајкл Коен да ѝ даде на Сторми 130.000 долари за да молчи. Иако оваа исплата, сама по себе, не е незаконска, работата се усложнува поради тоа што се случила за време на изборната кампања. Обвинителите истражуваат дали поткупот на Сторми Даниелс биле непријавени пари во изборниот штаб на Трамп.

Во таков случај, може да се работи за прекршување на законот за финансирање на изборни кампањи, кој налага да се пријават речиси сите приходи и расходи. Коен, кој во меѓувреме стана еден од најголемите критичари на својот поранешен работодавец, во овој случај веќе е осуден за финансиска измама.

Меланија била на работ на развод, а можеби пак е…

Медиумите откриваат дека поранешната прва дама Меланија Трамп (52) ја напуштила куќата откако дознала дека сопругот ѝ платил на неговата љубовница да молчи за нивната афера. Меланија наводно поминала неколку ноќи во хотел во Вашингтон за да се оддалечи од Белата куќа, откако се објави скандалот.

Според извори блиски до Трамп, се шпекулира дека Трамп ѝ платил на порно ѕвездата 130.000 долари токму зашто се плашел дека неговата сопруга ќе ги дознае деталите.

Многу се шпекулираше дека Меланија не може да го поднесе сопругот, а особено откако тој го загуби вториот мандат на претседателските избори. Се шпекулираше дека ќе дојде до развод. Засега, нема информации дека ер поднесено барање за развод.

Сторми: „А сексот не беше ништо посебно…“

Интервјуто со Сторми Даниелс било направено во 2011 година, а магазинот тој разговор го чувал седум години пред да го објави во 2018 година.

Сторми раскажала сè за нејзината средба со Трамп во 2006 година во хотелска соба во казино во Невада, по добротворниот голф турнир на познати личности. Даниелс се пофалила дека може да ги опише интимните делови на Трамп.

– Сексот не беше ништо посебно. Не сакаше да ме врзува со синџир за креветот или нешто друго. Тоа беше една поза – изјави Сторми и додаде дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.

– Дефинитивно можам совршено да го опишам неговото ѓубре, ако некогаш морав – додаде таа.

После сексот, Трамп наводно ѝ рекол: „Кога ќе се видиме повторно?“

Можеби сега ќе се видат. На суд.

Поврзани содржини